БЕГ и во наредната сезона ќе дистрибуира топлинска енергија во Скопје


Балкан енерџи груп (БЕГ) е во стабилна состојба. Нема промена во сопственичката структура. Останува и во наредната грејна сезона да ја дистрибуира топлинската енергија до потрошувачите во Скопје и уверува дека се подготвени за тоа. Ова го истакна генералникот директор на БЕГ АД Димитар Кочовски на денешната средба со новинарите по повод пет години Балкан […]

Промената на уставното име е главната разлика меѓу Скопје и Атина


Грчкото барање за промена на уставното име и 17 мај како датум што може да биде клучен за евентуално решение доколку се одржи средба на двајцата премиери во Софија, се двете точки што ги споменуваат весниците „То вима“ и „Катимерини“ во анализите за преговорите меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција […]

Украдено возило од двор на улица „Франце Прешерн“ во Скопје


Непознат сторител вчера во двор на улица „Франце Прешерн“ влегол во патничко моторно возило „Југо Флорида“ кое било незаклучено и со клуч на бравата го стартувал и заминал. МВР информира дека кражбата синоќа околу 20 часот во Полициската станица Карпош, ја пријавил С.Д. (52) од Скопје. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Се […]

Најмногу дожд наврнал во Скопје и Куманово


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово – 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен. По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, […]

(ФОТО) Невреме во Скопје, поплавени куќи во Црешево и Стајковци


Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци. – Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци, изјави за МИА Ѕвонко […]

Маж хоспитализиран, откако бил претепан од три лица во Батинци


Жител од село Батинци бил физички претепан од три лица, по што е хоспитализиран, соопшти МВР. Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:20 часот е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Ургентен центар) било донесено лицето Е.И.(27). Тој во селото бил физички нападнат од лицата Р.С., Ш.А. и С.М. Лекар во клиниката констатирал […]

Скопје го совлада Вардар, Шкендија триумфираше против Работнички


Вардар продолжи со лошата серија и на арената „Филип Втори“ беше поразен од ФК Скопје во 32-то коло од Првата лига. Досех Кофи во 45 минута го постигна победничкиот гол за Скопје, а овие три бода одат во прилог на борба на клубот за опстанок во најдобрата македонска лига. Шкендија во Тетово го совлада Работнички […]

Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје


Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Градот Скопје ќе потроши приближно 8400 евра за кампањи за оџачари и екстермни спортови


За сума од 169.491 денари или приближно 2800 евра, без ДДВ, Градoт Скопје бара економски оператор кој ќе изработи и спроведе кампања за развој на спортот во главниот град, односно за афирмација и поддршка на нови и помалку присутни екстремни спортови. Носителот на набавката е должен да изработи концепт за промоција преку видео-спотови, анимиран банер за […]

Туск и лидерите од регионот утре во Скопје


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи утре во Скопје. Како што соопштија од кабинетот на Иванов, подготовките за состанокот, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, веќе финишираат. Официјално своето присуство го […]

Вучиќ утре во еднодневна посета на Скопје


Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе присуствува на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, соопштија од неговиот кабинет. Домаќин на Самитот е претседателот Ѓорге Иванов, а како што е веќе најавено на самитот во Скопје ќе допатува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Целта на процесот Брдо-Бриони […]

Македонец рекордер: За 17 години „заработил“ 166 пријави поради кражби на автомобили


Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против Н.К. (35) од Скопје поради сомнение за сторени три кривични дела одземање моторно возило, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 580.000 денари. Инаку, Н.К. е познат сторител на имотни деликти за што, во периодот 1997 до 2014 година, му биле поднесени […]

Ѕанакопулос: Атина направи отстапки, сега на ред е Скопје


Во преговорите, грчката страна направи отстапки, сега е време и поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за постигнување договор, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на денешниот редовен брифинг со новинарите, на само два часа пред почетокот на средбата во Виена. Запрашан за тоа што очекува […]

Критична маса: Подобри закони за поубави градови


Под мотото „Подобри закони за поубави градови“, „НаТочак“ – Скопје, попладнево, со уште една велосипедска тура од плоштадот „Македонија“ што ќе почне во 17:30 минути, ќе им даде поддршка на законските измени за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобар квалитет на живот во градовите. Во исто време ќе делуваат и „критичните маси“ во Штип и Прилеп. Измените […]

Соларни панели колку четвртина од Скопје се доволни да ја снабдат Македонија со струја


Колкава површина од територијата на Македонија треба да се прекрие со соларни панели за да се задоволат целосно потребите на македонските граѓани за напојување со електрична енергија? Со ова прашање се позанимава интернет-страницата Finder.com. Интернет-страницата пресметала колкава површина треба да се покрие со соларни панели за целосно да се задоволат енергетските потреби на една земја […]

Грчките медиуми за изјавата на Хан


„Атина и Скопје го приземјуваат Хан“, „Енигма отвораат изјавите на Хан пред новата средба за скопското прашање“, „Атина и Скопје со спротивен став за изјавите на Хан за непосреден договор“, „Нова средба Коѕијас-Димитров непосредно по предвидувањата на Хан“, се само дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната изјава на комесарот за проширување, Јоханес Хан. […]

Нападнато момче на автобуска станица на Бит пазар


Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно лице на улица „Крсте Мисирков“ во Скопје. Случајот во Полициската станица Бит пазар го пријавил таткото на седумнаесетгодишното момче на 23 април. Според пријавата момчето било нападнато во 20 и 45 чаасот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во […]

Каминис во петок ќе дојде на гости кај Шилегов


Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во петок ќе дојде во посета на Скопје, соопштија од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Ова ќе биде прва официјална посета на атинскиот градоначалник на Скопје. Практично, Каминис ќе одговори на поканата да го посети нашиот главен град, откако во февруари Шилегов ја посети Атина. Од Кабинетот на скопскиот […]

Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон утре во Скопје


Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, утре ќе престојува во Скопје. Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, соопшти попладнево неговиот Кабинет. Во делегацијата ќе бидат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и […]

Скопје: 232 возачи вчера биле под дејство на алкохол


На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол. – Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи […]