Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје


Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје.

Како што информира МВР, случајот синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.