Украдено возило од двор на улица „Франце Прешерн“ во Скопје


Непознат сторител вчера во двор на улица „Франце Прешерн“ влегол во патничко моторно возило „Југо Флорида“ кое било незаклучено и со клуч на бравата го стартувал и заминал.

МВР информира дека кражбата синоќа околу 20 часот во Полициската станица Карпош, ја пријавил С.Д. (52) од Скопје.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.