Земјотрес од 5,3 степени почувствуван и во Македонија


Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 10:46 часот во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Косово и Македонија, е почувствува и во Црна Гора.

Сообраќајна несреќа го блокираше патот Кичево-Македонски брод


Сообраќајот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод меѓу селата Србјани и Староец се праносчува по алтернативен пат, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин и се пренасочува од 17:50 часот поради случена сообраќајна незгода.

Реакции во грчките медиуми по телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас


Премиерот Алексис Ципрас, вчера, имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, по повод неговата посета на Солун, за да му ја честита Новата година, стои во соопштението од кабинетот на Ципрас. „Контакти на високо ниво за скопското прашање“; „Разговор на премиерот на Скопје со Ципрас и Коѕиас“; „Заев: има волја за решение“; „Оптимизам …

Реакции во грчките медиуми по телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас Read More »

Ракомет, подготовки за ЕП 2018: Раул во Белград без Томовски и Крстевски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес одлучи на двата пријателски дуела во Белград против Саудиска Арабија и домаќинот Србија да повика 19 ракометари. Меѓу нив не се голманот на Металург, Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник, Горан Крстевски. Македонија в четврток игра против Саудиска Арабија, а в петок со Србија. По овие два …

Ракомет, подготовки за ЕП 2018: Раул во Белград без Томовски и Крстевски Read More »

Клучна година за прашањето за името


Состанок на министерскиот совет, седница со парламентарната група на СИРИЗА и тет а тет средба Ципрас – Каменос, се дел од можните следни чекори на грчкиот премиер во однос на прашањето за името, според грчките медиуми, јавува дописникот на МИА од Атина. Официјална потврда нема, меѓутоа во изминатите денови, откако спорот меѓу Македонија и Грција …

Клучна година за прашањето за името Read More »

Во Македонија доаѓа 2018, во Израел е 5778, а во Пакитан 1439 година


Која година е? Прашањето не е така едноставно како што звучи. Се е релативно. Луѓето направиле календари за мерење на времето, но времето е краткотрајно, не може да се фати, а одбројувањето не може да се означи. Овде почнува компликуваното. Како да се пронајде почетокот? Од кога да сметаме? Различни земји користат различни календари. Многу …

Во Македонија доаѓа 2018, во Израел е 5778, а во Пакитан 1439 година Read More »

Македонците најмногу во Милано и во Нови Сад за Нова Година


Милано и Нови Сад за новогодишните празници и Банско и Боровец во соседна Бугарија за зимување се дестинациите за кои има најголем интерес во туристичките агенции. Оттаму велат дека има интерес и за Нова Година и за зимување, а цените не се драстично зголемени во однос на минатата година. За новогодишните празници цените се различни …

Македонците најмногу во Милано и во Нови Сад за Нова Година Read More »

Во новата година ќе има 11 неработни денови и четири продолжени викенди


Во 2018 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, четири се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава која има седум продолжени празнични викенди. Првиот продолжен викенд догодина ќе биде веднаш по пречекот на Новата година бидејќи 1 јануари е во понеделник. Вториот е за Божик, …

Во новата година ќе има 11 неработни денови и четири продолжени викенди Read More »

Иванов: Во 2018 да зачекориме по вистинскиот пат


Претседателот Ѓорге Иванов во 2018 година очекува Македонија да зачекори на вистинскиот пат – до поквалитетен живот, просперитет и благосостојба за сите граѓани. Како што вели во новогодишното обраќање, се надева и на праведно општество, втемелено на вистината, слободата и мирот. – Дозволете да ви ја честитам Новата 2018 година и од се срце да …

Иванов: Во 2018 да зачекориме по вистинскиот пат Read More »

На кои патишта да внимавате доколку патувате денеска


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојни места. Поради магла кај Смојмирово, видливоста е намалена од 50 до 100 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, …

На кои патишта да внимавате доколку патувате денеска Read More »

Во Берово и Лазарополе измерени -8 степени, во Гевгелија најтопло


Во Берово и Лазарополе утрово се измерени минимални минус осум степени, а максимални два е во Гевгелија и Дојран. Според УХМР, минус седум е во Маврово, минус шест во Крива Паланка и Скопје Петровец, минус пет во Штип, Битола, Претор и Куманово, минус четири во Пожаране, Тетово, Крушево, Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Охрид и …

Во Берово и Лазарополе измерени -8 степени, во Гевгелија најтопло Read More »

Нема подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози , додека на планинските осојничави места се влажни. Околу Берово наместа има остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи на АМСМ. Од Автомотосојузот предупредуваат дека е намалена видливоста 20 од 30 метри поради магла, од кракот Маврово до Бунец. АМСМ препорачува внимателно возење, …

Нема подолги задржувања на граничните премини Read More »

Македонците најмногу јадат леб и пијат газирани сокови


Леб, компири, ориз, пилешко месо зелка, пиперки, јаболки и лубеници се меѓу производите што годишно најмногу ги конзумираат граѓаните во Македонија. Статистиката покажува дека просечно еден граѓанин во Македонија јаде 70 килограми леб, 29,9 килограми компир, девет килограми пилешко месо, 7,3 килограми ориз, 13,1 килограми јаболки, 10,5 килограми лубеница, 11,5 килограми зелка, 19,7 килограми пиперки …

Македонците најмногу јадат леб и пијат газирани сокови Read More »

Зоран Заев за ДВ: „Нема да дозволам отстапки од зацртаниот пат“


Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле вели дека ќе направи се за да покаже дека нема нерешливи прашања. -Во однос на моите соработници со кои заедно сме се впуштиле во овој наш голем потфат – да ги исполниме очекувањата на граѓаните и заедно да создадеме држава и општество достојни за сите граѓани, не …

Зоран Заев за ДВ: „Нема да дозволам отстапки од зацртаниот пат“ Read More »

„Real news“: Ципрас очекува конкретни чекори од Скопје


Чекори кон заемно прифатлив договор, промена на името на аеродромот во Скопје, отстранување на спомениците што алудираат на иредентизам, јавна изјава за прифаќање на сложено име за севкупна употреба, се барањата од официјална Атина до Македонија за да се затвори спорот со името, според грчкиот весник „Real news“. Искусниот новинар во неговиот текст, како што …

„Real news“: Ципрас очекува конкретни чекори од Скопје Read More »

(ВИДЕО)Заев:Во 2018 Македонија да стане просперитетна држава и членка на НАТО


На истекот на 2017 година, премиерот Зоран Заев испрати честитка до граѓаните за подобра и попросперитетна Македонија. Тој очекува дека во 2018 година земјава ќе стане 30-та земја членка на НАТО и ќе биде економски просперитетна и респектирана држава. Во продолжение текстот и видео од новогодишното обраќање на премиерот. Годината што заминува ќе ја паметиме …

(ВИДЕО)Заев:Во 2018 Македонија да стане просперитетна држава и членка на НАТО Read More »

И ЦИВИЛ со апел да не се користи пиротехника за празниците


ЦИВИЛ се придружува кон апелот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства за време на празничните денови и ги повикува граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување. – Славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. Распрскувачките материјали и петардите често предизвикуваат трагедии, дури и во …

И ЦИВИЛ со апел да не се користи пиротехника за празниците Read More »

„Елефтерос типос“: Се зголемуваат меѓународните притисоци за решавање на името


По последните внатрешно – политички случувања во Грција, обвинувањата на релација власт -опозиција и јазот меѓу коалициските партнери во Владата поради прашањето со името, изминатите неколку дена Македонија е една од главните теми во грчките медиуми. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, неделното издание на весникот „Елефтерос типос“ на три страници ги анализира …

„Елефтерос типос“: Се зголемуваат меѓународните притисоци за решавање на името Read More »

Ердоган ќе отвори претставништво во Македонија


Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ќе отвори свои претставништва во Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Германија, Русија, САД и Франција, најави партискиот потпретседател задолжен за надворешни работи Мехди Екер во интервју за агенцијата Анадолија. Екер наведува дека со Статутот на АКП е предвидено формирање …

Ердоган ќе отвори претставништво во Македонија Read More »

Јадран филм: Се е чисто околу „Македонија“


Јадран филм во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм на Управата за финансиска полиција дала погрешни и лажни податоци. – Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата кои се одземени од …

Јадран филм: Се е чисто околу „Македонија“ Read More »