Ердоган ќе отвори претставништво во Македонија


Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ќе отвори свои претставништва во Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Германија, Русија, САД и Франција, најави партискиот потпретседател задолжен за надворешни работи Мехди Екер во интервју за агенцијата Анадолија. Екер наведува дека со Статутот на АКП е предвидено формирање на партиски претставништва, како во Турција, така и надвор од земјата, па врз основа на одлука на Ердоган е покрената постака за отворање канцеларии на партијата во девет градови во седум земји. – При тоа внимаваме на одредени постапки, закони и правилници во секоја од земјите. Некаде можеби ќе дејствуваме како здруженија, некаде како фондации, а некаде директно како партиски претставништва, потенцира Екер.