Ракомет, подготовки за ЕП 2018: Раул во Белград без Томовски и Крстевски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес одлучи на двата пријателски дуела во Белград против Саудиска Арабија и домаќинот Србија да повика 19 ракометари. Меѓу нив не се голманот на Металург, Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник, Горан Крстевски.

Македонија в четврток игра против Саудиска Арабија, а в петок со Србија.

По овие два натпревара репрезентацијата ќе се врати во Скопје по што Гонзалес ќе одлучи кого ќе поведе на Европското првенство во Хрватска кое стартува на 12 јануари.

Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Германија.