Земјотрес од 5,3 степени почувствуван и во Македонија


Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 10:46 часот во Скопје и северозападна Македонија.

Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Косово и Македонија, е почувствува и во Црна Гора.