И „метлата“ отиде на одмор


ГОРАН АДАМОВСКИ Сосема неочекувано, во предвчерјето на подготовките за инаугурација на новиот претседател на државата, премиерот Зоран Заев замина на одмор. Четирите слободни дена по истоштувачката кампања и набиената агенда што ја има претседателот на Владата изгледаат дури и премалку за полнење на батериите, но тајмингот не можеше да биде полош. Лидерот на СДСМ го …

И „метлата“ отиде на одмор Read More »

Мозаикот на папата


ГОРАН АДАМОВСКИ Македонија беше повеќе од достоинствен домаќин на папата Франциск. Десетината часа што Светиот Отец ги имаше на македонска почва можеа да го уверат во зборовите што ги кажа пред да слета на скопскиот аеродром: „Најубавите мозаици се тие што имаат многу бои“. Неверојатно смирувачка беше енергијата што можеше да се почувствува околу централниот …

Мозаикот на папата Read More »

Грофови со туѓи пари


Тамам кога подзаборавивме на егзебициите на струшкиот градоначалник со набавката на „аудито“ вредно 70.000 евра службени пари, се јавија претседателите на Врховниот суд и на Судскиот совет. Двете врвни институции за негување на правото немаат проблем да искешираат по четириесетина илјади државни евра за да им овозможат на своите први луѓе да се возат во …

Грофови со туѓи пари Read More »

Големите јунаци Реџепи, Силјановска и Милошоски


ЕРОЛ РИЗАОВ Најдобрата вест што стаса понеделнички е дека врне дожд на територијата на цела Демократска, Федерална, Народна, Социјалистичка, Република Македонија и Република Северна Македонија. По три месеци зимско-пролетна суша, незабележана досега, од македонското парче небо паѓаат златници. Овој априлски, иако задоцнет дожд, не може да ги врати изгорените шуми оти тие горат за еден …

Големите јунаци Реџепи, Силјановска и Милошоски Read More »

Игри со судбини


ГОРАН АДАМОВСКИ Кога во март 2016 година беше затворена т.н. „балканска рута“, над 40.000 мигранти од сиромашните африкански и азиски земји останаа заглавени на грчка територија. Преку ноќ стигна наредба од „горе“ дека портите кај Гевгелија веќе не смеат да бидат отворени за оние што без никаков документ и со еден куфер желби и сништа …

Игри со судбини Read More »

Нема јунак за Матка


Разочарувачки е што за кањонот Матка, кој е прогласен за споменик на природата, се грижат 39 институции, а ниту една од нив не е кадарна да сруши дивоградбиче среде вештачкото езеро. Зачудувачки е да се следат службите како си ги префрлаат ингеренциите и обврските, за на крај градоначалникот на Сарај да излезе со предлог за …

Нема јунак за Матка Read More »

Поважно од отказот е како добија работа


Горан Адамовски Министерот за економија, Крешник Бектеши е првиот кој јавно објави дека нема да им каже на сестрата и на шурнајката да се откажат од работните места што неодамна ги добија во добростоечките државни компании. По неговата логика, исто е кога неговите блиски роднини добиваат вработувања токму кога тој е член на Владата и …

Поважно од отказот е како добија работа Read More »

Воздухот нè уби


Скопје, којзнае по кој пат зимава, се најде на првото место на листата на најзагадените градови во светот. Воздухот е тивок убиец на градот и на неговите жители. Колку повеќе ги дишеме отровите, толку повеќе стануваме свесни дека за да излеземе од маглата ќе мора многу повеќе да се потрудиме. Виновниците одамна требаше да ги …

Воздухот нè уби Read More »

Подобро контроверзен крај отколку контроверзи без крај


Тешко е да се оцени што беше пофрустрирачко вчера попладне во собраниската сала: пораките што претседателот Ѓорге Иванов им ги испрати, главно, на владејачките претставници од СДСМ, со оглед на тоа што ДУИ и годинава го бојкотираше неговото обраќање, или атмосферата на граница на скандал што владееше во текот на последниот претседателски говор на Иванов …

Подобро контроверзен крај отколку контроверзи без крај Read More »

Скопје навистина е зелено


Горан Адамовски Ублажување и адаптација на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржливо користење на земјиштето, природата и биодиверзитетот, квалитетот на воздухот, бучавата, отпадот, водата, зелениот раст, еко-иновации и енергетски перформанси се 12 индикатори за животна средина врз кои независни и меѓународно признати експерти ќе ја доделат Наградата за европски најзелен град за 2021 година. Никој …

Скопје навистина е зелено Read More »

Најважното ветување


Ќе направам Сарај да биде економски развиен и урбанизиран, викна митингашки лани кандидатот за градоначалник, Блерим Беџети. Ја бараше довербата од триесетината илјади граѓани на општината Сарај, колку што се запишани во избирачкиот список. Како главни проекти беа наведени изградба на поликлиника и ревитализација на езерото Треска. Беше крај на септември и почеток на октомври …

Најважното ветување Read More »

Вмровскиот оркестар свири според внатрешен договор


Пратеникот Јохан Тарчуловски, како и секој комита од историјата, бара пиштолот и камата да му судат ако ја предал Македонија. Не се ова години и векови под турско ропство, па некој да го даде животот ако гласа за уставните промени. И неговите сопартијци и колеги од пратеничките клупи, поточно најголемиот дел од нив, не можат …

Вмровскиот оркестар свири според внатрешен договор Read More »

Државниците не се кријат зад народот


Референдум за името ќе има и за мене тоа е затворено прашање. Без референдум, без граѓаните да се изјаснат за евентуалното предлог-решение не постои можност да се реши проблемот со името. Ова изјава стара девет години ја даде поранешниот премиер Никола Груевски. Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ е длабоко убеден дека вака крупно прашање во историјата на …

Државниците не се кријат зад народот Read More »

Децата ги лекуваме со донации, а државата ја пљачка кој како стигне


Сунчица Стојановска Зоксимовска На денешен ден, кога само што испративме на небото уште едно дете кое молеше да му се даде шанса за живот, сакам да верувам дека некогаш како одговорна држава ќе ги погледнеме во очи децата и возрасните што македонското здравство нема сила да ги лекува, па бараат спас надвор. Дека ќе влеземе …

Децата ги лекуваме со донации, а државата ја пљачка кој како стигне Read More »

Не е дека баш сме безбедни


Вознемирувачки звучат пораките на Евелин Фаркаш, заменик-помошник државен секретар за одбрана во администрацијата на Барак Обама и актуелен член на Атлантскиот совет што ги испрати во вчерашното интервју за „Независен весник“. Таа вели дека членството во НАТО ќе значи стабилност и безбедност од каква било надворешна закана, модернизација и раст на демократијата, но евентуалното „не“ …

Не е дека баш сме безбедни Read More »

Фонд за сплетки


Добро вели вицепремиерот Кочо Анѓушев дека оваа Влада кога дели тендери не гледа на националност. Во право е и кога објаснува оти државни пари на неодамнешните јавни огласи зеле и луѓе блиски до поранешната власт. Лесно за уво, но тешко за сфаќање изгледаат изјавите на премиерот Зоран Заев дека и тој самиот некогаш не знае …

Фонд за сплетки Read More »

Чувствителноста на моќниците


Горан Адамовски Актуелниот заменик-министер за екологија Јани Макрадули нема многу финансиски да се офајди од пресудата што во негова корист ја донесе Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ќе добие 1.500 евра за надомест на нематеријална штета и околу 1.000 евра за трошоци во постапката, што сè на сè е малку повеќе од сумата …

Чувствителноста на моќниците Read More »

Саздо не смее да умира неколку пати


За ден-два или недела, никој или ретко кој ќе им пише на родителите на Никола Саздовски, ќе ги праша како се, дали им треба нешто, како да им помогнат, да им ги избришат солзите, да им го слушнат лелекот. Оставени сами на себе, ќе ја проколнуваат црната судбина, ќе го жалат своето чедо, кое не …

Саздо не смее да умира неколку пати Read More »

Што сака Грција?


Слободанка Јовановска Премиерот Зоран Заев деновиве водеше две битки. Првата околу обвинението за „Поткуп“ ја доби, а за втората околу името ќе почека подобри времиња. За првпат откако е на функцијата самодовербата на премиерот е видливо нарушена. Отпор кон решението, што тој го оцени како достоинствено за Македонија, искажаа речиси сите во Грција и опозициските …

Што сака Грција? Read More »

Заев да си најде советник за советниците


Слободанка Јовановска Советникот со завршено средно училиште и дебела биографија на закани и насилства, Џезаир Шакири-Хоџа, изјави вчера дека има „секакви“ во владата на премиерот Зоран Заев, па не гледа зошто да не биде и тој дел од неговиот кабинет. Што се занимавате со мене, ми треба функција за да преживеам, порача Хоџа од својот …

Заев да си најде советник за советниците Read More »