ДУИ нема намера да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“
ДУИ нема да го поддржи враќањето на уставното име „Република Македонија“ и нема да обезбеди Бадентер за таква иницијатива, порача пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“.
Беџети беше директно прашан дали пратеничката група на ДУИ би го обезбедила потребното мнозинство доколку владејачкото мнозинство поднесе иницијатива за враќање на старото уставно име.
„Демократската унија за интеграција нема да поддржи такви решенија кои ќе создадат те какви проблеми за државата, дури и егзистенцијални проблеми“, рече Беџети.
Тој додаде дека ДУИ нема да се впушта во, како што ја нарече, „авантурa“ со која би можеле да се создадат сериозни последици за државата.
Во разговорот тој ја критикуваше власта и за односот кон граѓаните, оценувајќи дека со евентуално враќање на старото име би можеле да се создадат дополнителни проблеми и изолација.