Европската комисија објави инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за одржливо поврзување во Западен Балкан
Европската комисија денеска објави значителен инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект од областа на транспорт, дигитализација, клима и енергетско поврзување во Западен Балкан. Ова е првиот голем пакет на проекти во рамки на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, кој Комисијата го усвои во октомври 2020 …