На Германија ѝ се заканува бран отпуштања


Германските компании не само што ја губат волјата да отворат нови работни места, туку најверојатно ќе почнат и да отпуштаат работници, изјави Клаус Волрабе од економскиот институт Ифо. Барометарот за вработување на Ифо падна во јануари на 95,5 поени, нешто пониско од декември. Индексот на 100 поени укажува на статус кво, над плановите за вработување, …

На Германија ѝ се заканува бран отпуштања Read More »

Рекорден број фалсификувани евра во Германија


Во Германија минатата година од оптек се повлечени поголем број лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави германската централна банка (Бундесбанк) во Франкфурт на Мајна. „Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголеми за 28,2 отсто во споредба со 2022 година и изнесуваше 56.000“, се вели во соопштението на Германската …

Рекорден број фалсификувани евра во Германија Read More »

Тесла го стопира производството во Германија поради прекини во транспортот на Црвеното Море


Производителот на автомобили Тесла во голема мера го запре производството во својата фабрика кај Берлин на околу две недели поради прекини во синџирот на снабдување предизвикани од нападите на бродовите во Црвеното Море, потврди денеска компанијата. Нападите на милитантите Хути од Јемен на главната поморска рута што води до Суецкиот канал ги натераа големите бродски …

Тесла го стопира производството во Германија поради прекини во транспортот на Црвеното Море Read More »

На игралиште во Германија, полуде жена – удрила дете и извадила секира и нож


На игралиште во Сарбрикен-Бурбах, Германија, во саботата попладне се случи инцидент. Како што пренесуваат германските медиуми, додека децата си играле, а родителите стоеле, една жена му пришла на едно од децата и го удрила по глава. Кога татко му дотрчал да му помогне на детето, жената извадила секира и нож и почнала вербално да ги …

На игралиште во Германија, полуде жена – удрила дете и извадила секира и нож Read More »

Студија: Германија лани влезе во рецесија бидејќи луѓето масовно одеа на боледување


Причината за минатогодишната рецесија на германската економија е високото ниво на боледувања во Германија, покажува новото истражување. „Големиот обем на боледувања минатата година доведе до голем недостиг во производството. Без боледувањата, германската економија ќе пораснеше за 0,5 отсто минатата година“, произлегува од студијата на Здружението на истражувачката фармацевтска индустрија VFA, објавија сите германски медиуми. Така, …

Студија: Германија лани влезе во рецесија бидејќи луѓето масовно одеа на боледување Read More »

Машиновозачите во Германија го започнаа најдолгиот штрајк досега


На повик на Германскиот синдикат на машиновозачи (ГДЛ) синоќа започна нов повеќедневен штрајк на вработените во државната компанија Дојче Бан (ДБ). Штрајкот започна синоќа во 18 часот (17 часот по Гринич) во товарниот превоз, а рано изутринава, во 02 часот се прошири и на превозот на патници. Протестите треба да продолжат до 18 часот следниот …

Машиновозачите во Германија го започнаа најдолгиот штрајк досега Read More »

Шефицата на АфД: Ако победиме, Германија ќе излезе на референдум за напуштање на ЕУ


Екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (AfD) ќе се заложи за референдум во стилот на Брегзит за членство во ЕУ, доколку дојде на власт, изјави лидерката на партијата Алис Вајдел, поздравувајќи го излегувањето на Обединетото Кралство како сосема правилен потег. „Тоа е модел за Германија, опцијата да може да се донесе таква суверена одлука“, рече Вајдел во …

Шефицата на АфД: Ако победиме, Германија ќе излезе на референдум за напуштање на ЕУ Read More »

Во Германија приведени 13 лица поради напад врз блогер


Германската полиција приведе 13 лица во Дортмунд поради вмешаност во вчерашниот напад врз 24-годишен блогер. Помеѓу приведените одреден број се и десничари, а некои од нив имаат и криминални досиеја. Тие го нападнале блогерот и му ја одзеле камерата Инцидентот се случи по протестите за време на викендот против ултрадесничарите.

Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници


 Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, јавија германските медиуми. Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавениот за него. Според други проценки, таа бројка е уште поголема. Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации …

Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници Read More »

Вчера 300.000 луѓе излегоа на улиците низ Германија. Истото се очекува и денеска


По неколкудневните масовни протести во Германија, денеска се очекува десетици илјади луѓе да излезат на улиците на германските градови, вклучувајќи го и Берлин, за да се соберат против крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) и нејзиниот антиимигрантски став. Полицијата во Минхен очекува до 25.000 учесници, додека организаторите на митингот во Келн проценуваат дека ќе има …

Вчера 300.000 луѓе излегоа на улиците низ Германија. Истото се очекува и денеска Read More »

„Германија не е болниот човек на Европа; туку уморен човек, кому му треба кафе“


  Германскиот министер за финансии ги отфрли сугестиите дека неговата земја повторно стана „болен човек“ на Европа. Само е малку уморен и има потреба од „шолја кафе“, рече тој во петокот. Долго време како мотор на растот во Европа, германската економија се намали минатата година за 0,3%, веројатно најслабото остварување меѓу големите земји во регионот. …

„Германија не е болниот човек на Европа; туку уморен човек, кому му треба кафе“ Read More »

Германија го олесни добивањето државјанство


Германскиот парламент го прифати денеска, со гласовите на претставниците на партиите од владејачката коалиција, нов закон за државјанство со кој се олеснува стекнувањето германски пасош и се дозволува двојно државјанство. За изменетиот закон за државјанство гласаа 382 претставници, а против 234, вклучително и претставничкиот клуб на опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ и Алтернатива за Германија. „Овие …

Германија го олесни добивањето државјанство Read More »

Отпуштени се 1.500 луѓе поради слабо познавање на германскиот јазик


Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно добро германски. Имено, на почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист. Ова го потврди и …

Отпуштени се 1.500 луѓе поради слабо познавање на германскиот јазик Read More »

Сообраќаен колапс во Германија. Возачи 7 часа заглавени во снег


Сообраќајот во Германија веќе два дена е во застој поради снег и замрзнат дожд. Автопатите се непроодни, а железничките и воздушните линии се откажани. Северот на континентот, исто така, се бори со тешка временска ситуација. Повеќе од 300 од 1.000 планирани пристигнувања и полетувања беа откажани утринава на аеродромот во Франкфурт, изјави портпаролот. „Затрупани во …

Сообраќаен колапс во Германија. Возачи 7 часа заглавени во снег Read More »

Нема повеќе пари за субвенции на земјоделците во Германија


Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер денеска им се обрати на илјадниците незадоволни земјоделци кои протестираа против зголемувањето на даноците и им порача дека нема повеќе пари за продолжување на субвенциите. Илјадници возачи на трактори и камиони и околу десет илјади луѓе денеска ја блокираа авенијата што води до берлинската Бранденбуршка порта, по еднонеделните протести …

Нема повеќе пари за субвенции на земјоделците во Германија Read More »

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта


Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во Берлин со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. На протестите се очекува да учествуваат околу 3.000 земјоделци со трактори, 2.000 камиони и 10.000 луѓе од цела Германија. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер планира да им се обрати на учесниците …

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта Read More »

Германија објави рекордна нето имиграција во 2022 година


Нето имиграцијата во Германија го достигна највисокото ниво во историјата во 2022 година, по избувнувањето на војната во Украина, јави ДПА. Федералната канцеларија за миграција и бегалци вчера во Нирнберг соопшти дека нето имиграцијата тогаш била 1,5 милиони луѓе, односно четири пати повеќе од претходната година. Според извештајот, 2,7 милиони луѓе заминале да живеат во …

Германија објави рекордна нето имиграција во 2022 година Read More »

Во штрајкот на земјоделците во Германија им се придружија машиновозачите


Штрајкот на земјоделците, но и на претставниците на другите синдикати во Германија продолжува и денеска, а поради целокупната состојба земјата е речиси целосно блокирана. Покрај земјоделците, тридневниот штрајк го започнаа и машиновозачите низ земјата во знак на поддршка на другите членови на синдикатот кои се борат против кратењето на субвенциите. „За време на штрајкот, железничките …

Во штрајкот на земјоделците во Германија им се придружија машиновозачите Read More »

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија


Синдикатот на германските машиновозачи (ГДЛ) денеска го продолжи штрајкот на работниците, кој влегува во третиот ден, и го прошири од патнички до товарен. Државната железничка компанија Дојче Бан соопшти дека само околу 20 отсто од нејзините возови функционираат, а приградските возови во градовите како Берлин се во застој. Германските машиновозачи бараат намалување на работното време …

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија Read More »

Германската влада усвои мерки за штедење, вклучено и контроверзното намалување на субвенциите


  Германската федерална влада постигна договор за дополнителни мерки за штедење, пишуваат германските медиуми и додаваат дека Предлог-законот за финансирање на буџетот, меѓу другото, вклучува и контроверзно намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците, повисоки даноци за воздушниот сообраќај и построги санкции во областа на социјална помош. Владата очекува буџетот прво да биде одобрен во …

Германската влада усвои мерки за штедење, вклучено и контроверзното намалување на субвенциите Read More »