Во Германија приведени 13 лица поради напад врз блогер


Германската полиција приведе 13 лица во Дортмунд поради вмешаност во вчерашниот напад врз 24-годишен блогер.

Помеѓу приведените одреден број се и десничари, а некои од нив имаат и криминални досиеја. Тие го нападнале блогерот и му ја одзеле камерата

Инцидентот се случи по протестите за време на викендот против ултрадесничарите.