Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“


Македонската ракометна репрезентација е победник на турнирот „Трофеј Македонија“ одржан во Охрид. „Црвено-жолтите“ на крајот го освоија првото место, откако Тунис и Египет денес одиграа 25:25. Нерешениот исход ѝ одговараше на македонската репрезентација. Нашите ракометарки во првото коло го победија Тунис, потоа загубија од Египет, а со Грција не играа поради вирусна инфекција кај гостинките.

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“


Ракометната Федерација на Македонија утрово ја информира  спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. – Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и …

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“ Read More »