(Видео) Објавена снимка од падот на огромниот руски воен транспортен авион. Се распадна во воздухот
Рускиот канал „Маш“ на Телеграм објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го прикажува авионот како се распаѓа во воздух. Авионот Ан-22 се урна минатиот вторник. Руската државна новинска агенција Тасс објави, повикувајќи се на службите за итни случаи, дека сите седум членови на екипажот загинале во несреќата. …