„Охридски комуналец“ повеќе од 18 години работи со блокирана сметка, со раст на обврските и несоодветно користење на гориво
Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ повеќе од 18 години работи со блокирана сметка и основната дејност ја извршува со минимум парични средства. Ревизорите утврдиле сериозни неправилности во финансиското работење, со значителен раст на обврските и несоодветно користење на нафтените деривати. – Во последното донесено решение кон крајот на 2023 година, кое се уште е во важност …