„Нобеловци“ на Економскиот факултет во Скопје
На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска традиционално ќе се одржи одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2025 година. Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за Економија и оваа година го организира настанот „Нобеловци“ посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2025 година, …