Германските власти затворија 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргување
Германските истражители и финансискиот регулатор БаФин (BaFin) затворија повеќе од 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргувањето. Акцијата, наречена „Операција Херкулес“, била спроведена од полицијата во покраината Баден-Виртемберг, БаФин, Европол и бугарските власти. Целта била да се прекинат активностите на мрежи кои овозможувале измамнички инвестициски шеми преку лажни трговски платформи. …