Реал против Макаби ќе игра без публика
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Макаби Тел-Авив во 21. коло од Евролигата ќе се игра без публика, објави прес-службата на мадридскиот клуб. Натпреварот е закажан за четврток, 8 јануари, во Мадрид. Одлуката е донесена откако Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот го оцени натпреварот како настан од висок ризик. …