Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на „Само интервју“, Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. …