Пристигнаа првите цевки за гасниот интерконектор со Грција, проектот влегува во клучна фаза на реализација
Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НОМАГАС Скопје соопшти дека со пристигнувањето на првите пратки цевки од реномираниот европски производител „CORINTHPIPEWORKS“, изградбата на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на теренска реализација. Овој чекор означува почеток на поинтензивни градежни активности за еден од најзначајните капитални проекти во државата. Изведбата на ваков стратешки инфраструктурен …