Една година Еврокомисија „Фон дер Лајен 2“: Амбиција за изградба на понезависна, поконкурентна и побезбедна Европа
Актуелната Европска комисија на Урсула фон дер Лајен утре ја одбележува првата годишнина од нејзиниот избор под слоганот „Работејќи за независност на Европа“. По повод годишнината, оваа втора Европска комисија на Фон дер Лајен порача дека во изминативе 12 месеци во услови на итност во носењето одлуки, работела да испорача за европските граѓани и бизниси. …