Ирска НВО ја обвинува Европската комисија за користење на Чат-Џи-Пи-Ти при изработка на документи
Невладината организација Ирски совет за граѓански слободи (ИЦЦЛ) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, во која ја обвинува Европската комисија дека го користи Чат-Џи-Пи-Ти при изработка на одговори на одредени барања. Советот тврди дека метаподатоците во документ што го добил како одговор од Еврокомисијата укажуваат на користење на генеративна вештачка интелигенција за составување делови од него. …