Македонија дел од интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“


Македонија четврти пат се вклучува во одбележувањето на интернационалниот ден „Со велосипед на работа во зима“ (Winter bike to work day – Skopje #4). Иницијатори на одбележувањето се група ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје „На Точак“. Во одбележувањето се вклучуваат Министерствата за животна средина и просторно планирање, за образование и наука, Град Скопје и […]

Британец пронајден мртов во тоалетот на скопскиот аеродром


Педесет и две годишниот британски државјанин со иницијали В.М., утринава околу 4 часот утринава бил пронајден мртов на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Како што информираше полицијата, тој бил пронајден во тоалет од страна на обезбедувањето на аеродромот. Итната медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Тешко повреден пешак, десет сообраќајки вчера во Скопје


Пешак е тешко повреден, а осум лица се полесно повредени во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е евидентирана само материјална штета. Од СВ Скопје информираат дека за пречекорување на брзина при возење се санкционирани 20 возачи, а 15 се исклучени од […]

Грчки медиуми: Коѕиас сака да биде првиот што авионски ќе дојде од Атина во Скопје


По промената на името на скопскиот аеродром, грчките медиуми не ја исклучуваат можноста шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас да го посети Скопје. – Во случај да се направат овие симболични чекори, не треба да се исклучи можноста министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, набргу авионски, да замине за Скопје, со директен лет […]

Охриѓанец незаконски користел телекомуникациска мрежа на мобилен оператор


Кривична пријава е поднесена против 33-годишен охриѓанец кој набавил и користел незаконска SIMBOX опрема и вршел сомнителна комуникациска активност во радиофреквентниот опсег на еден мобилен оператор. Со тоа, С.Б. во периодот од 1 октомври до 17 ноември лани се стекнал со противправна имотна корист од 3.950 евра, на штета на мобилниот оператор. Од идентификуваните 114 […]

Укината автобуската линија меѓу Скопје и Солун


Со редовната автобуска линија Скопје-Солун-Скопје изминатиот викенд од кај нашиот јужен сосед се вратија последните патници. Редовниот автобуски превозник „Македонија сообраќај“, по 15 години функционирање, од почетокот на месецот не вози патници на оваа меѓународна линија. Поради спор кој речиси четири години се води во Управниот суд со Министерството за транспорт и врски, македонскиот превозник […]

Дозволата за линијата Скопје – Солун одземена пред три години


На превозникот АД Македонија Сообраќај, поради нередовно одржување на возната линија Скопје-Солун и непочитување на Одредбите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај, уште пред повеќе од три години со решение од 10.11.2014 година му е одземена дозволата за превоз на патници на таа линија, а по две жалбени постапки од компанијата решението е […]

Земјотрес ги разбуди скопјани


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08. 03 часот во скопското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри. Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје. […]

Бесплатниот превоз во Скопје се укинува во 20 часот


Град Скопје соопшти дека од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот градски превоз во Скопје, а веднаш се укинуваат вонредните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање […]

Го изрешетале додека одел по улица


Две прострелни рани и една скршеница во пределот на потколеницата од левата нога, како и една прострелна рана од огнено оружје во пределот на надколеницата од десната нога се констатирани кај 41-годишниот скопјанец А.Т., кој бил изрешетан вчера околу 15.30 часот во близина на објект во изградба на крстосниците од улиците „Никола Малешевски“ и „Благоја Паровиќ“ […]

„Москва денес“ вечерва во Скопје


Изложбата која го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина „Москва денес“ вечер ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје. „Москва денес“ се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва. Пред посетителите ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во […]

Oд 15 април до октомври, чартер летови Истанбул – Охрид – Истанбул


Нова чартер линија Истанбул – Охрид – Истанбул се воведува од 15 април годинава и ќе биде активна до октомври, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Ова е договорено меѓу македонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција, а аранжманите се веќе во продажба. На […]

Пожар во стан во Карпош, нема повредени


Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, околу 14,30 часот  избувна пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување. „Пожарот е изгаснат и причинета е само материјална штета. Нема повредени“, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Територијалната противпожарната единица на Град Скопје. Во […]

Најстудено во Скопје и во Берово


 Утрово до седум часот најстудено беше во Скопје (Петровец) и во Берово, минус четири степени, а максимални шест се измерени во Дебар. Според УХМР, -3 е во Гевгелија и Струмица, -2 е во Скопје (Зајчев Рид), -1 е во Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Штип и Тетово, еден степен е во Крушево, Ѓуриште и Пожаране, два […]

(ВИДЕО) Кога Јенс Столтенберг беше такси-возач во Осло


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера пристигна во Скопје, каде имаше работна вечера со премиерот Зоран Заев и други владини претставници со што ја започна неговата дводневна посета на Република Македонија. Тој е во прва работна посета во Македонија на покана на македонската Влада. Јенс Столтенберг додека ја извршуваше премиерската функција на Норвешка во […]

Сто и педесет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје


Сто и педесет луѓе утре ќе учествуваат во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираше Скопската епархија. Пријавувањето беше од 10-ти до 17 јануари. Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде утре напладне од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на […]

Мртов маж пронајден во хотелска соба во Скопје


Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар. По кажување на вработените, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало еден ден претходно и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. Како […]

Скопскиот регион ќе добие две претоварни станици за отпад во Дрисла


Скопскиот регион ќе добие две претоварни станици. Првата во Шуто Оризари, која ќе ги опслужува општините Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Сарај, Чучер-Сандево и Шуто Оризари. Втората ќе биде во „Вардариште“, во Гази Баба, и ќе ги опслужува општините Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден. Општините Аеродром, Кисела Вода, Центар, Чаир, Зелениково, Студеничани и Сопиште ќе го […]

Украден автомобил со Скопје


Во Полициската станица Карпош, вчера во 10.20 часот, Г.Б. (55) од Скопје пријавил дека на 10/11.01.2018 година во периодот од 17.00 до 09.00 часот од паркинг просторот пред зграда на улица „Никола Парапунов“ од страна на непознат сторител било одземено возило „Ренџ Ровер Евок“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Со извршеното кривично […]

Толку од бесплатниот превоз: Од утре престануваат да важат мерките против загадениот воздух


Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголемените концентрации на PM 10 честичките во воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање. – Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 9.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни  […]