Британец пронајден мртов во тоалетот на скопскиот аеродром


Педесет и две годишниот британски државјанин со иницијали В.М., утринава околу 4 часот утринава бил пронајден мртов на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Како што информираше полицијата, тој бил пронајден во тоалет од страна на обезбедувањето на аеродромот.

Итната медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.