Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Ќафасан


Сообраќајот пред граничниот премин Ќафасан на магистралниот пат А2 кон Република Албанија е нормализиран, информира АМСМ.Сообраќајот е нормализиран од 17:50 часот. Како што претходно соопшти АМСМ, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 17.05 часот го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан.

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан


Околу 50 симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 17.05 часот го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан, информира денеска Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопшти АМСМ, блокиран е магистралниот пат А2 кон Република Албанија