„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си поднесе оставка


Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва на протест пред Собранието на Република Македонија побараа оставка од медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, кој денеска пристигна во Скопје и утре ќе има средби со државниот врв. Учесниците во протестот побара од Нимиц да се повлече од, како што …

„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си поднесе оставка Read More »

Потпретседателот на БЕСА поднесе оставка


Зекирија Ибрахими повеќе не е потпретседател на Движењето Беса. Тој денеска поднесе неотповиклива оставка на оваа функција, со образложение дека никој не е незаменлив и дека никој не е над партијата. Ибрахими воедно порача дека нема да биде кандидат за претседател на Беса на претстојниот прв партиски конгрес. Тој на својот ФБ профил порача дека …

Потпретседателот на БЕСА поднесе оставка Read More »

Висар Имери поднесе оставка од лидерската функција во „Самоопределување“


Висар Имери попладнево поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на движењето „Самоопределување“. Освен од функцијата претседател, Имери се повлекува и од сите други функции од оваа партија. Веста за повлекувањето тој ја соопшти на средба со новинарите во седиштето на партијата, а беше најавена неодамна, со што излегоа на виделина недоразбрањата меѓу клучните луѓе во …

Висар Имери поднесе оставка од лидерската функција во „Самоопределување“ Read More »

Бонева: Оставката ја поднесов поради бруталните навреди и заканите по живот


Бруталните навреди, клевети, закани за животот преку социјалните мрежи и некролози за мене на електричните столбови во Струмица, е целосна повреда на моите основни човекови права, честа и угледот, а сè во име на демократијата, правната држава и гласот на народот, пишува Силвана Бонева во оставката што денеска ја поднесе до Собранието на Република Македонија. …

Бонева: Оставката ја поднесов поради бруталните навреди и заканите по живот Read More »

По 11 години, и Субхи Јакупи заминува од ДИК


Субхи Јакупи од ДУИ е четвртиот член на ДИК што поднесе оставка на функцијата, по избувнувањето на скандалот со бонусите за последните избори. Јакупи најавува дека парите од бонусот ќе ги врати во државната каса. Неговата оставка следува откако вчера од функцииите решија да заминат претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета …

По 11 години, и Субхи Јакупи заминува од ДИК Read More »

Сенаторка од Њујорк побара оставка од Трамп поради сексуално малтретирање


Американската сенаторка Кирстен Џилибренд, која ја претставува државата Њујорк и е од редовите на Демократската партија, вчера го повика претседателот Доналд Трамп да поднесе оставка поради обвинувањата на жени кои тврдат дека тој сексуално ги малтретирал во минатото. – Овие жени тврдат дека претседателот Трамп ги нападнал и се работи за навистина сериозни обвинувања за …

Сенаторка од Њујорк побара оставка од Трамп поради сексуално малтретирање Read More »

Чичаковски поднесе оставка


Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски денеска за МИА изјавил дека поднел барање за престанок на функцијата. Оставката, изјавил Чичаковски, е негов личен чин. Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на …

Чичаковски поднесе оставка Read More »

Пендаровски поднесе оставка на пратеничката функција


Стево Пендаровски денеска до Собранието на Република Македонија поднесе оставка од функцијата пратеник. Пендаровски во Собранието е дел од пратеничката група на СДСМ. Оставката на Пендаровски Собранието треба да ја констатира на првата наредна седница. Минатата недела Стево Пендаровски беше именуван за Национален координатор за влез на Македонија во НАТО. Пендаровски на предвремените избори во …

Пендаровски поднесе оставка на пратеничката функција Read More »

Шекеринска: Рано е да се суди колку е искрена понудената оставка на Груевски


Прерано е да се суди дали е политички маневар или искрено дадена изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за понудената оставка од лидерското место во партијата, оцени денеска за МИА министерката за одбрана Радмила Шекеринска. – За разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние во СДСМ велиме дека партиските работи ги решаваат луѓето од партијата. Не им …

Шекеринска: Рано е да се суди колку е искрена понудената оставка на Груевски Read More »

Мугабе се обрати до нацијата, ама не даде оставка


Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, не поднесе оставка за време на своето обраќање вечерва на државната телевизија, а многумина тоа го очекуваа. Тоа значи дека против него наскоро ќе биде покрената процедура за импичмент. Мугабе во обраќањето најави дека следниот месец ќе претседава со конгресот на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, иако таа партија го смени од …

Мугабе се обрати до нацијата, ама не даде оставка Read More »