Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери (во живо)


Собранието денеска ја почна 139. седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.  Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките.  Се очекува на седницата да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Ковачевски и …

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери (во живо) Read More »

Ковачевски лично ја однесе оставката во Собранието


  Нестандардно за македонски прилики, премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави својата оставка во Собранието. Со тој негов чекор во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.  Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која рече дека државата и за време на техничкиот премиер …

Ковачевски лично ја однесе оставката во Собранието Read More »

Оставка на францускиот министер за здравство поради новите строги закони за имиграција


Францускиот министер за здравство Орелиен Русо поднесе оставка по усвојувањето на контроверзниот закон за имиграција во парламентот, јавија француските медиуми доцна синоќа. Весниците Фигаро и Паризиен објавија за оставката на Русо, но соопштија дека не е јасно дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила. Русо е дел од левото крило на владата и беше противник на …

Оставка на францускиот министер за здравство поради новите строги закони за имиграција Read More »

Вучиќ дава оставка, распишува избори и се кандидира за друга позиција?


  Вонредни избори би можеле да се одржат во Србија во септември, дознава „Блиц“ неофицијлано од врвот на Српската народна партија. Овие сизнанија доаѓаат по остриот говор на лидерот на партијата и претседател на Србија Александар Вучиќ, на седница на врвот на партијата, за што пишува „Новости“. – Подобро да одиме во опозиција отколки партиските …

Вучиќ дава оставка, распишува избори и се кандидира за друга позиција? Read More »

Нефи Усеини поднесе оставка од советничкото место во Охрид


Советот на Општина Охрид на денешната дваесет и втора седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини. Претседателот на Советот Сашо Донев посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини. – Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев, јавувва Охрид њус. Советот чека официјален допис од Општинската …

Нефи Усеини поднесе оставка од советничкото место во Охрид Read More »

Шпанските десничари побараа оставка на премиерот Санчез


 Демонстрантите кои учествуваа на десничарските „анти-Санчез“ протести во Мадрид во саботата побараа неодложна оставка од шпанскиот премиер Педро Санчез чија Влада, според нив, е закана за демократијата и е „најлошата“ во поновата историја на Шпанија, објави „Еурактив“. На главниот плоштад во Мадрид се собраа антивладини демонстранти, според некои информации околу 500 илјади, додека податоците на …

Шпанските десничари побараа оставка на премиерот Санчез Read More »

Jапонски министер поднесе оставка поради несоодветни коментари за смртната казна


Јасухиро Ханаши, јапонскиот министер за правда, поднесе оставка и стана вториот член на кабинетот на Фумио Кишида кој ја напушти функцијата поради скандал. Кишида јавно го коментираше потпишувањето на резолуцијата за смртна казна, нарекувајќи ја „досадна“. Според неодамнешните анкети, поддршката за владата на Фуми Кишида паднала на 30 отсто, блиску до опасната зона што би …

Jапонски министер поднесе оставка поради несоодветни коментари за смртната казна Read More »

Оставка на полскиот министер за европски прашања


 Полскиот министер за европски прашања Конрад Шимански денеска поднесе оставка, во мигови кога се бележат кревки односи меѓу Владата во Варшава и Европската унија и внатрешни тензии во Брисел. „Мислам дека ново отворање што ќе биде во форма на нова личност, би можело да помогне. Убеден сум дека мојот наследник ќе го има истото искуство, …

Оставка на полскиот министер за европски прашања Read More »

Горан Милевски поднесе оставка на министерското место


  Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата. Оставката, како што посочуваат од Владата за МИА, ќе биде разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира. Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа. Доколку оставката на Милевски …

Горан Милевски поднесе оставка на министерското место Read More »

Милевски ќе ја депонира оставката до Владата, до крајот на неделата ЛДП ќе предложи нов кандидат за министер


  Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата. Милевски, како што вчера изјави за МИА, се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да …

Милевски ќе ја депонира оставката до Владата, до крајот на неделата ЛДП ќе предложи нов кандидат за министер Read More »

Во бункерот на Борис Џонсон: „Сѐ заврши во солзи“


  Тимот на Борис Џонсон денеска беше во солзи откако премиерот конечно призна дека останал без опции по 48 часа опсада на Даунинг стрит. За самиот лидер на ториевците се вели дека бил „сангвистичен“ наместо лут или вознемирен кога тој и неговиот тим препознале дека „пробале сè“ околу 8,30 часот. Во текот на претходните два …

Во бункерот на Борис Џонсон: „Сѐ заврши во солзи“ Read More »

Борис Џонсон поднесе оставка, но ќе остане премиер уште некое време


  ЛОНДОН – Британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка во четвртокот, признавајќи дека е „јасна волјата“ на неговата партија тој да си оди. Тој веднаш се повлече од функцијата лидер на неговата Конзервативна партија, но планира да остане како премиер додека се одржува натпреварот за лидерство. Тој рече дека назначил нов кабинет по мноштвото оставки, …

Борис Џонсон поднесе оставка, но ќе остане премиер уште некое време Read More »

Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки


 Риши Сунак поднесе оставка од функцијата министер за финансии на Велика Британија, објави тој на Твитер. Оставка поднесе и  Саџид Џавид од функцијата британски министер за здравство во писмо до премиерот Борис Џонсон.  Џавид рече дека изгубил доверба во способноста на Владата на Борис Џонсон за владеење во национален интерес по „низата скандали“, велејќи дека …

Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки Read More »

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот


Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност …

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот Read More »

Бугарската влада денеска ќе го разрешува министерот за одбрана Стефан Јанев


На вонреден состанок на бугарската влада ќе се разговара за разрешување на министерот за одбрана Стефан Јанев. Се очекува оставката на Јанев да биде изгласана на вонредна седница на Националното собрание во вторник. Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков во вонредна изјава на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот премиер …

Бугарската влада денеска ќе го разрешува министерот за одбрана Стефан Јанев Read More »

Шефицата на лондонската полиција поднесе оставка


Шефицата на лондонската полиција Кресида Дик поднесе оставка откако градоначалникот Садик Кан изјави дека не е задоволен од нејзината реакција на барањето да се направат промени во полициските сили со цел да се искорени расизмот, сексизмот и другите проблеми во полицијата. Довербата во лондонската полиција во изминатите години е разнишана поради различни настани, како киднапирање, …

Шефицата на лондонската полиција поднесе оставка Read More »

Оставка на премиерот на Северна Ирска, Пол Гиван, поради последиците од Брегзит


Премиерот на Северна Ирска Пол Гиван поднесе оставка во знак на протест против трговските правила по Брегзит. -Денеска е крајот на тоа што беше мојата животна привилегија, рече Гиван на прес-конференција. Гиван на оваа функција мина помалку од една година, пренесуваат британските медиуми. Министерот за Северна Ирска во британската Влада, Брендон Луис, изјави дека одлуката …

Оставка на премиерот на Северна Ирска, Пол Гиван, поради последиците од Брегзит Read More »

Скандал во Германија: Командантот на морнарицата поднесе оставка поради изјава за Путин


Командантот на германската морнарица Каи-Ахим Шенбах поднесе оставка откако беше мета на критики поради изјавата дека рускиот претседател Владимир Путин заслужува почит и дека Киев никогаш нема да го врати Крим од Москва. „Побарав од министерката за одбрана Кристина Ламбрехт да ме разреши, а таа го прифати моето барање“, се вели во синоќешното соопштение на …

Скандал во Германија: Командантот на морнарицата поднесе оставка поради изјава за Путин Read More »

Премиерот на Судан поднесе оставка


 Суданскиот премиер Абдала Хамдок синоќа поднесе оставка од функцијата поради политичкиот застој во земјата по воениот удар, кој ја забави транзицијата кон демократија. Суданците со месеци протестираа против военото преземање на власта во октомври и последователниот договор за враќање на премиерот Абдала Хамдок, што, според нивното мислење, го маргинализираше пресвртот остварен во таа земја. Протестите …

Премиерот на Судан поднесе оставка Read More »

И Љупчо Николовски се повлече од партиската функција


Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска поднесе писмена оставка од функцијата. Николовски во писмената оставка доставена во Социјалдемократскиот сојуз изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата. „Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и …

И Љупчо Николовски се повлече од партиската функција Read More »