Општина Центар со финансиска поддршка за повозрасните


На 16-тата седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, советниците ги изгласаа Измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2022 година. Со оваа измена и дополнување ќе им се овозможи на околу 14.000 жители на општината од најранливите категории да добијат помош во финансиски средства, со …

Општина Центар со финансиска поддршка за повозрасните Read More »

Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар за Градска четврт Ј 07 утре на седница на Уставниот суд


Една од точките на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд ќе биде предметот во кој е оспорена Одлука за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 2014-та година, донесена со 11 гласа, а се однесува Градска четврт Ј 07. Овој предмет, потсетуваат од Сuдот, веќе беше ставен на дневен ред на …

Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар за Градска четврт Ј 07 утре на седница на Уставниот суд Read More »

Герасимовски: Разгледуваме опции за формирање претрпијатие за производство на струја


Општина Центар отпочна со наоѓање решенија за високите цени за електрична енергија. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вечерва во Топ Тема на Телма телевизија изјави дека општината разгледува можности за формирање на сопствено претпријатие за производство на електрична енергија. „Општина Центар формираше комисија со цел да направи физибилити студија која треба да ги утврди …

Герасимовски: Разгледуваме опции за формирање претрпијатие за производство на струја Read More »

Приватно обезбедување ќе патролира околу парковите и игралиштата во Општина Центар


  Општина Центар склучи договор со Друштвото за обезбедување на лица и имот „Екот Гард“ за обезбедување и редовни патроли на детските игралишта и парковите во општината. Од Општината велат дека овој чекор доаѓа по честото оштетување на реквизитите од страна на несовесни граѓани, кои намерно ги оштетуваат и уништуваат парковите и детските игралишта и …

Приватно обезбедување ќе патролира околу парковите и игралиштата во Општина Центар Read More »

Санација на ударни дупки низ цела Општина Центар


Општина Центар започнува со санација на оштетени улици односно на т.н „ударни дупки“ во сите населби на општината. Во изминатиот период, службите на локалната самоуправа, евидентираа неколку точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктурата кои во следниот период ќе бидат асфалтирани. Поради поголема успешност на оваа акција, Општина Центар ги повикува и граѓаните …

Санација на ударни дупки низ цела Општина Центар Read More »

Центар иницира измена на Законот за градежно земјиште: Место со 30 да треба 70 отсто сопственост за дооформување земјиште


На вчерашната 12-та седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, градоначалникот Горан Герасимовски до советниците поднесе предлог иницијатива за измена и дополнување на постоечкиот Закон за градежно земјиште. Општина Центар преку анализа на законското решение, а во рамките на овластувањата со што врши работи за располагање со градежното земјиште, до Министерството за транспорт …

Центар иницира измена на Законот за градежно земјиште: Место со 30 да треба 70 отсто сопственост за дооформување земјиште Read More »

Од идната недела прием на странки во Општина Центар секој вторник и четврток од 9 до 11 часот


Општина Центар ги информира граѓаните дека од понеделник (11.7.2022) се менува саатницата за отворениот ден за прием на странки во општината. Наместо како што беше досега, секој вторник и четврток од 13:00 – 15:00 часот, отсега секторите ќе примаат странки од 9:00 часот наутро до 11:00 часот. Промената се врши со цел да се излезе …

Од идната недела прием на странки во Општина Центар секој вторник и четврток од 9 до 11 часот Read More »

Лични асистенти и во летниот распуст ќе посетуваат ученици со попреченост


Општина Центар за првпат и за време на летниот распуст обезбедува лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот. Воедно Општина Центар е првата општина во државата која им дава поддршка од овој тип на учениците со пречки во развојот кои ги посетуваат основните училишта во Центар.  „Од …

Лични асистенти и во летниот распуст ќе посетуваат ученици со попреченост Read More »

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и лифтови


Општина Центар го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.  Јавниот повик се однесува за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за …

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и лифтови Read More »

Општина Центар на старите им нуди нега, помош или друштво до два часа


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“, денеска посетија двајца корисници на помош од проектот. Градоначалникот Герасимовски информира дека проектот опфаќа 90 корисници, а моментно има 67 поднесени барања за користење на …

Општина Центар на старите им нуди нега, помош или друштво до два часа Read More »

Општина Центар ја продлабочува соработката со САД


Општина Центар реши да ја продлабочи соработката со Соединетите Американски Држави, а за таа цел беше остварена средба меѓу градоначалникот, Горан Герасимовски и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз. Градоначалникот Герасимовски на амбасадорката Брнз ѝ ги претстави своите програмски заложби и планови, меѓу кои и заложбите за чист, зелен и еколошки Центар и …

Општина Центар ја продлабочува соработката со САД Read More »

Со раззеленување, градежна офанзива и поправка на покриви се пофали Герасимовски за првите 100 дена


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го престави сработеното во првите 100 дена од мандатот. Неговата прва активност како градоначалник на општината беше отпочнување на постапка за отворање нова комунална дејност на ПОЦ, како клучно барање на граѓаните во предизборниот период. „При стапување на функцијата веднаш се зафатив со отпочнување на постапката за отворање …

Со раззеленување, градежна офанзива и поправка на покриви се пофали Герасимовски за првите 100 дена Read More »

Герасимовски вработи самохран татко како хигиеничар


  Самохран татко на две деца, кој досега немал редфовни примања, од утре почнува да работи во Општина Центар како хигиеничар. – Општина Центар е инклузивна и општествено-одговорна општина, општина која се грижи и помага на сите граѓани, велат од таму па, денеска во својот кабинет, градоначалникот Горан Герасимовски, го прими сограѓанин Денис и неговите …

Герасимовски вработи самохран татко како хигиеничар Read More »

Герасимовски бара вонреден инспекциски надзор на ДУП-от Старо Водно


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на вонреден инспекциски надзор на блоковите 10, 28 и 43 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. На последната 4-та седница, Советот на …

Герасимовски бара вонреден инспекциски надзор на ДУП-от Старо Водно Read More »

Мораториумот за градба во Центар останува на сила до добивање на одлуката на Уставен


Мораториумот за градба на Општина Центар ќе остане на сила се до добивање на одлуката од Уставниот суд, кој одлучи дека е неуставен, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Од Уставниот суд побара да ја преиспита одлуката во рок од 30 дена. Тој најави дека Општината ќе ги преземе сите правни мерки кои се …

Мораториумот за градба во Центар останува на сила до добивање на одлуката на Уставен Read More »

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници


Учениците од скопското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Центар  часови по предметот физичко имаат во училница, во училишниот хол и надвор во дворот, кога временските услови се погодни. Новата спортска сала во училишниот двор е речиси готова, ама не се употребува. Родителите  забележуваат што целиот двор е ограничен за движење и ограден со …

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници Read More »

Општина Центар поништи одобрение за катна гаража во центарот на Скопје


Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, донесе Решение за огласување на ништовност, односно поништување на одобрение за градба на инвеститорот АНГО ДООЕЛ Скопје за објект од втора категорија со намена за Е2 Комунална субструктура – катна гаража на улицата „11 Октомври“. Инвеститорот, како што соопшти општина Центар, добил одобрение за градење на катната гаража на …

Општина Центар поништи одобрение за катна гаража во центарот на Скопје Read More »

Ќе се преполови бројот на нови згради во Маџир Маало


Новите згради во Маџир Маало ќе се преполоват и место да се напикаат објекти за 3.000 луѓе, Деталниот урбанистички план ќе предвидува изградба на станови само за половина. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска информираше дека општината издала 21 одобрение за градба на нови згради, откако почна мораториумот во декември минатата година. Во нив не …

Ќе се преполови бројот на нови згради во Маџир Маало Read More »

Почна наставата за учениците од ОУ „Гоце Делчев“


Една недела од почетокот на учебната година почна наставата и во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар за речиси петстотини ученици. Изминатава година училиштето се реновираше, ама градежните зафати ги пробија роковите. На трети септември дечињата дојдоа на училиште, меѓутоа истиот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука за одложена примена на објектот, поради …

Почна наставата за учениците од ОУ „Гоце Делчев“ Read More »

Нема да се градат облакодери во центарот на Скопје


Нема изградба на облакодери во центарот на Скопје. Од Општината Центар демантираат дека на паркингот кај „Холидеј ин“ ќе се градот 60-катници бидејќи во моментов во тек е менување на тој детален урбанистички план. Изградба на три облакодери од 60 ката во центарот на градот, како и цела нова населба на местото на касарната „Илинден“ …

Нема да се градат облакодери во центарот на Скопје Read More »