Вработена во МВР била ограбена на работното место


Вчера во 15.30 часот во Полициска станица Центар, Џ.Д.(39) од Скопје, вработена во МВР, во зградата на МРТВ, пријавила дека во текот на денот, од чанта во нејзината канцеларија ѝ бил одземен паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (23.12.2023) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

Во МРТ нема стратешки и плански акти, објави Државната ревизија


  Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“. Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата …

Во МРТ нема стратешки и плански акти, објави Државната ревизија Read More »

Влада: МРТВ има загуба од 26 милиони денари


Владата даде негативно мислење за работата на Македонската радио телевизија за минатата година. Тие укажуваат на негативни финансиски резултати, според кои јавниот радиодифузер имал загуба од 26 милиони денари, а забелешки има и за непочитување на професионалните стандарди при работата. Ваквото мислење Владата го даде на барање на Собранието, кое побара да се произнесе за …

Влада: МРТВ има загуба од 26 милиони денари Read More »

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега


Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ, на која се дебатира за буцетот, беше прашан во врска со потерницата распишана по екс премиерот, Никола Груевски, за сто тој рече дека не верува дека тој би си дозволил да избега. „Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега …

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега Read More »

Обид за враќање на музичките критериуми


Изготвена е иницијатива на неколку музички уметници за повторно рестартирање и ревитализација на Музичката продукција при Македонската радиотелевизија. Предлагачи за заживување и повторно враќање на музичките критериуми како претставници на МРТВ, АВМУ и МИОА се Кире Костов, Будимка Имери, Љупчо Мирковски, Живојин Глишиќ и Славе Димитров. Владата ја прифати оваа иницијатива, а Министерството за култура …

Обид за враќање на музичките критериуми Read More »

Манчевски: Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ


Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ, тоа треба да биде трајна пракса и токму тоа ќе се обидеме да го воспоставиме со измените во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, истакна вечерва министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за емисијата Топ-тема. Манчевски ова го посочи …

Манчевски: Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ Read More »