Џолев: Да се провери дали се правосилни амнестиите што ги даде, па повлече Иванов


Треба да се проверат две работи за постапките со помилувањето што беа дадени од претседателот Ѓорге Иванов, а потоа повлечени. Неопходно е да се види дали се правосилни и дали имал право да ги амнестира, порача претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев на денешната средба со новинарите. Потребата, како што посочи, доаѓа по …

Џолев: Да се провери дали се правосилни амнестиите што ги даде, па повлече Иванов Read More »

Претседателот Иванов ќе присуствува на утрешната лидерска средба


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба што треба да се одржи утре. – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, закажана за утре, 19 …

Претседателот Иванов ќе присуствува на утрешната лидерска средба Read More »

Честитка од Иванов по повод почнувањето на рамазанскиот пост


Претседателот Ѓорге Иванов по повод почетокот на рамазанските пости упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија. – Во исламот, Рамазан е светиот месец, тоа е месец на молитва, добрина, простување, милосрдие и …

Честитка од Иванов по повод почнувањето на рамазанскиот пост Read More »

Иванов бара од МНР извештаи за текот и исходот од последната рунда разговори за името


Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за исходот од последната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕиас со амбасадорот Метју Нимиц, информираат од Кабинетот на претседателот. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, наведува дека на 29 март 2018 година, а по најавената можност за …

Иванов бара од МНР извештаи за текот и исходот од последната рунда разговори за името Read More »

Иванов: Турција принципиелно го користи нашето уставно име и пресудата од Хаг


Наместо да констатираме проблеми, треба да нудиме креативни решенија, истакнал претседателот Ѓорге Иванов  на денешниот Глобален форум за лидерство што се одржува на Универзитетот „Бахчишехир“ во Истанбул. Во своето обраќање тој посочил  неколку предлози со кои би се подобрил светскиот поредок. Покрај потребата од нова глобална етика, Иванов ја посочил и потребата од отворена дебата …

Иванов: Турција принципиелно го користи нашето уставно име и пресудата од Хаг Read More »

Онур против фикусот


Врвот на секоја турска серија е кога Онур ќе сфати дека сам себеси си е мајка. По истата логика, а и без помалку перипетии, се одвиваат овие продолженија на пинг-понгов помеѓу претседателот Ѓорге Иванов и Владата. Нели во секое друштво има еден кој е неподнослив, а самиот за тоа не е свесен? Кај него, како …

Онур против фикусот Read More »

Иванов и Заев согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер


Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласиле претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на денешната средба во вила Водно која се одржа на барање на премиерот, а на која се разговараше за предлогот на Иванов за нов …

Иванов и Заев согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер Read More »

Османи: Фатмир Бесими е најдобро решение за гувернер


Нема да го прифатиме Димитар Богов за гувернер на Народната банка на РМ, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи, во емисијата 24 анализа на ТВ24. Тој рече дека ДУИ нема да го поддржат едностраниот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка, и ќе се обидат да се координираат и да ги убедат сите …

Османи: Фатмир Бесими е најдобро решение за гувернер Read More »

Путин ги повика Вучиќ и Додик, ама не и Иванов


Меѓу петте илјади гости, кои в понеделник ќе присуствуваат во Москва на инаугурацијата на старо-новиот руски претседател Владимир Путин, ќе нема претставник од Македонија. Руската администрација не им испрати покана ниту на претседателот Ѓорѓе Иванов, ниту на премиерот Зоран Заев, ниту на кој било друг функционер од Владата. Според искуствата од претходните инаугурации на Путин, …

Путин ги повика Вучиќ и Додик, ама не и Иванов Read More »

Иванов повторно го предложи Богов за гувернер на Народна банка


Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија. Согласно своите овластувања, претседателот Иванов, предлогот го достави до Собранието на Република Македонија. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна …

Иванов повторно го предложи Богов за гувернер на Народна банка Read More »

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи денеска во Скопје. Како што соопштија од кабинетот на Иванов, подготовките за состанокот, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, веќе финишираат. Официјално своето присуство го …

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот Read More »

Иванов на средба со пратеници од групата за француско-македонско пријателство


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими пратеникот Бертран Сор, претседател на групата за француско-македонско пријателство во Националното Собрание на Француската Република и пратеникот Грегори Галбадон, заменик претседател на групата за француско-македонско пријателство. На средбата со француските пратеници, како што соопштија од кабинетот на претседателот Иванов, се разговарало за продлабочување на билатералните односи …

Иванов на средба со пратеници од групата за француско-македонско пријателство Read More »

Иванов се сретна со Могерини, ја поздравил обновената препорака на ЕK


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија. Од Кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на европска интеграција, како и за клучните …

Иванов се сретна со Могерини, ја поздравил обновената препорака на ЕK Read More »

Еди Рама до Иванов: Без Албанците нема Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама во реакцијата на својот профил на Фејсбук, во врска со ставовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за законот за употреба на јазиците, кој Собранието го усвои во средата без амандманска расправа, порача дека без Албанците нема Македонија. Рама, како што пренесуваат медиумите, „го потсетил“ Иванов дека албанскиот јазик не е јазик …

Еди Рама до Иванов: Без Албанците нема Македонија Read More »

Џафери: Со непотпишување на указот, Иванов го крши Уставот


Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека е личен избор на претседателот Ѓорге Иванов  дали ќе го потпише Законот за јазици, но со непотпишување на указот претседателот го крши Уставот зашто, рече, доколку мнозинството го изгласа по вторпат законот, претседателот е должен да го потпише. Во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма Џафери рече …

Џафери: Со непотпишување на указот, Иванов го крши Уставот Read More »

Иванов: Должност ни е да го зачуваме споменот на депортираните македонски Евреи во Треблинка


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва истакна дека 7.144 македонски Евреи кои беа депортирани во логорот Треблинка во Втората светска војна не се само статистика, туку секој од нив има име и идентитет и оти наша должност е да го зачуваме споменот за нив бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме …

Иванов: Должност ни е да го зачуваме споменот на депортираните македонски Евреи во Треблинка Read More »

ЗНМ: Иванов ги терал новинарите да потпишат сертификати за да молчат


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изрази загриженост поради тоа што според нивни информации кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов на одредени новинари им понудил безбедносни сертификати во име на поголема транспарентност на институцијата, оценувајќи го таквиот чекор како обид за притисок и контрола врз медиумите. Како што истакна на денешната прес-конференција претседателот на …

ЗНМ: Иванов ги терал новинарите да потпишат сертификати за да молчат Read More »

Ердоган до Иванов: Ние први го признавме уставното име на Македонија и од ова нема отстапување


Деблокадата на интегративните процеси е клучна за долгорочна стабилност, безбедност и напредок на целиот регион. Очекуваме конструктивна поддршка, помош и отворено лобирање за членство на Македонија во Алијансата од страна на нашите пријатели – земји-членки на НАТО, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по денешната средба во Анкара со претседателот на Република Турција Реџеп Тајип …

Ердоган до Иванов: Ние први го признавме уставното име на Македонија и од ова нема отстапување Read More »

Радев: Решението за името не треба да влијае врз интересите на трите држави


Спорот околу името треба да биде решен во полза на трите држави, Македонија, Грција и Бугарија, порача бугарскиот претседател Румен Радев пред неговото утрешна посета на земјава. Тој во интервју за агенцијата БГНЕС, изјави дека за таа цел бугарските власти ќе бидат во контакт со македонските. „Бугарија секогаш се стремеше да и помага на Република …

Радев: Решението за името не треба да влијае врз интересите на трите држави Read More »

Иванов ќе се рекламира на билборди


Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов бара да закупи билборди низ Скопје за да го рекламира претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони којшто ќе се одржи на 28 април. Од Кабинетот бараат да закупат девет билборди за кој процениле дека ќе платат околу 5.000 евра. Сакаат рекламите да ги постават на четири …

Иванов ќе се рекламира на билборди Read More »