Ни во Стразбур не се знае кога ќе биде донесена пресудата за аболицијата на Иванов


  Во Стразбур сѐ уште нема фиксиран датум кога ќе биде објавена пресудата околу аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, која може да ги спаси од повеќе години затвор водечките функционери на ВМРО-ДПМНЕ ако биде прогласена за легитимна. Најавите беа дека пресудата ќе биде донесена есенва, а деновиве проструи и информација дека веќе се знае, …

Ни во Стразбур не се знае кога ќе биде донесена пресудата за аболицијата на Иванов Read More »

Османи и Иванов „ќе се дружат“ на Дипломатскиот форум во Анталија


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во наредните два дена ќе учествува на вториот Анталија Дипломатски Форум насловен како “Recoding Diplomacy”, кој се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во рамките на Форумот, Османи ќе има обраќање на панелот “Дијалог на помирување на Балканот”, на кој …

Османи и Иванов „ќе се дружат“ на Дипломатскиот форум во Анталија Read More »

Иванов доби пензија, аболиција не потпиш(ув)а


На два дена пред истекувањето на мандатот, Ѓорге Иванов ги побара бенефициите што му следуваат како поранешен шеф на државата. Веднаш доби позитивен одговор од владината Служба за општи и заеднички работи, со што професорот Иванов (59) нема да се врати на Правниот факултет, туку до крајот на животот ќе користи месечна пензија од 100.000 …

Иванов доби пензија, аболиција не потпиш(ув)а Read More »

Инаугурацијата на Пендаровски без Заев?


Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски најверојатно ќе биде инаугуриран за претседател в недела, со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна, се планира во претседателската резиденција, претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски. Тоа ќе биде прво примопредавање на претседателската функција во резиденцијата на Водно, каде што Иванов беше …

Инаугурацијата на Пендаровски без Заев? Read More »

Мандатот на Иванов истекува в недела, се уште не побарал буџет за идниот кабинет


Претседателот Ѓорге Иванов по десет години, в недела заминува од функцијата шеф на државата. Во претседателската „Вила Водно“ треба да се всели неговиот наследник Стево Пендаровски, кој по победата на изборите, ќе стане петти претседател на државата по нејзиното осамостојување во 1991 година. Инаугурацијата на Пендаровски е најавена за в недела, на последниот ден од …

Мандатот на Иванов истекува в недела, се уште не побарал буџет за идниот кабинет Read More »

Иванов му подари на папата Франциск резбан албум со фотографии од христијанската традиција во земјава


Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешната средба во „Вила Водно“ на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава. -Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство …

Иванов му подари на папата Франциск резбан албум со фотографии од христијанската традиција во земјава Read More »

Иванов на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони


Албанија-На 8 и 9 мај албанскиот претседател Илир Мета ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи во Тирана. На состанокот се очекува да присуствуваат претседателите на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија Александар Вучиќ, на …

Иванов на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони Read More »

Последна недела на Иванов во претседателската резиденција


Досегашниот претседател Ѓорге Иванов од денеска ја троши последната седмица во резиденцијата на Водно. В недела, на 12 мај, на Иванов му завршува вториот претседателски мандат. Од евентуалните прегласувања на вториот круг, како и од тоа кога спикерот Талат Џафери ќе ја закаже собраниската седница за инаугурација на новиот претседател, зависи дали тој истиот ден …

Последна недела на Иванов во претседателската резиденција Read More »

Честитка од Иванов по повод католички Велигден


Претседателот Ѓорге Иванов, по повод Велигден, денеска упати честитка до Бискупот скопски и eпископ струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар.  –Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански …

Честитка од Иванов по повод католички Велигден Read More »

Помилувањето за „27 април“ од Иванов не би можело да има правно дејство


И поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април“ од страна на претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство, бидејќи нема член врз основа на кој тоа би било правно засновано. – Член 11 од Законот за помилување на кој некој …

Помилувањето за „27 април“ од Иванов не би можело да има правно дејство Read More »

Иванов ги чува во фиока и помилувањата


Во кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов вчера не сакаа да коментираат како ќе постапи шефот на државата во однос на барањата за помилување што ги добил од осудените за насилства од 27 април. На еден месец до истекот на вториот мандат, таткото на нацијата се соочува со последната сериозна одлука која, веројатно, ќе се рефлектира …

Иванов ги чува во фиока и помилувањата Read More »

Народните канцеларии на Иванов го завршија мандатот


Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје не работи веќе подолго време. Просториите што свечено беа отворени во 2010 година, а беа планирани да опстојат додека трае и мандатот на Иванов, сепак, предвреме заминаа во пензија. Тие се сопственост на државата и е неизвесно дали новиот претседател ќе продолжи со иста пракса …

Народните канцеларии на Иванов го завршија мандатот Read More »

Двотретинските закони што ги врати Иванов ќе го чекаат потписот на новиот претседател


Законите кои претседателот Ѓорге Иванов ги врати во Собранието, и вчера повторно беа изгласани, ќе бидат испратени кај шефот на државата, но ако повторно не ги потпише, ќе биде закажана нова собраниска седница во рок од 30 дена од нивното носење, најави денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.   За законите, пак, што Иванов …

Двотретинските закони што ги врати Иванов ќе го чекаат потписот на новиот претседател Read More »

Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците


Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, денеска повторно треба да се најдат пред пратениците. Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието, да бидат објавени во Службен весник. Владејачките СДСМ и ДУИ …

Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците Read More »

Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан


Никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот, велат од Кабинетот на Иванов на реакциите од власта за неговата одлука да врати изгласани закони назад до Собранието. -Противуставно и на незаконски начин, …

Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан Read More »

Шахпаска: Иванов е против реформскиот процес


Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за прогласување на законите за за заштита од дискриминација и за оперативно техничката агенција и електронски комуникациија, и ги врати повторно на гласање во Собранието. Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека …

Шахпаска: Иванов е против реформскиот процес Read More »

СДСМ: Иванов да одговори со кои пари син му купил станови


Партискиот послушник Ѓорге Иванов, како и во изминатите години, и денеска молчи. Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори со кои пари син му купил два стана на најатрактивна локација во Скопје кога не е вработен, велат од СДСМ. „Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени …

СДСМ: Иванов да одговори со кои пари син му купил станови Read More »

ТВ 24: Иванов преку синот купил два стана на Водно


Претседателот на државата Ѓорге Иванов купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде ТВ 24,  стои дека за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба. Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 …

ТВ 24: Иванов преку синот купил два стана на Водно Read More »

Иванов враќа закони со Северна Македонија


Претседателот на државата Ѓорге Иванов одбива да ги потпише сите закони кои Собранието ги донесе под новото име на државата Република Северна Македонија, а кај него беа проследени за да го потпише указот за стапување на сила, откако беа изгласани во парламентот. Првично биле вратени четири закони, но како што објаснуваат од Собранието враќањето продолжило. …

Иванов враќа закони со Северна Македонија Read More »

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов


Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори. Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана …

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов Read More »