Скопската Зоолошка градина одбележува 97 години од постоењето


Скопската Зоолошка градина денеска организира „Doctor Sauer ZOO Fest“, по повод 97 години од своето постоење, како најстара зоолошка градина на Балканот. Настанот ќе се одржи на Халки бината во Скопје ЗОО, со почеток во 12 часот. На „Doctor Sauer ZOO Fest“ ќе настапат жонглери и акробати, а ќе се одржи и едукативна работилница. За …

Скопската Зоолошка градина одбележува 97 години од постоењето Read More »

Зоолошка доби беби-соблекувална


Зоолошката градина во Скопје доби нови тоалети. „Тоалетите се поставени на две локации и покрај стандардните, има и тоалет за лица со посебни потреби, како и просторија за пресоблекување на бебиња“, соопштија од Зоолошката градина. Почнато е и поставувањето на нови едукативни табли пред секое живеалиште, со најинтересните информации за секое животно, а в сабота …

Зоолошка доби беби-соблекувална Read More »

Слониците Дуња и Даела доаѓаат во Скопје


Азиската слоница Дуња, која е најголемата од нејзиниот вид во Европа заедно со африканската слоница Даела за неколку денови доаѓаат во Македонија. Од Зоолошката градина информираат дека нивните негователи веќе се во Белгија, каде што се запознаваат со животните и ќе ги придружуваат на нивниот пат кон новиот дом. Дуња и Даела се првите слоници, …

Слониците Дуња и Даела доаѓаат во Скопје Read More »

Во ЗОО се роди албино кенгурче


Албино кенгурче се роди во скопската зоолошка градина. Кенгурчето е машко, а вработените го крстиле Арчибалд. Пред извесно време принова имаше и во живеалиштето на срните, каде што се роди срнчето Бамби.

Лемурите од скопската ЗОО прогнозираа: Хрватска е шампион


Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиди победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство. Во Зоолошка градина Скопје, како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, …

Лемурите од скопската ЗОО прогнозираа: Хрватска е шампион Read More »

Генералка во ЗОО


Јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ вчера започнаа акција за средување на зелените површини во Зоолошката градина. Вработените ја косеа тревата во парковите и околу живеалиштата на животните и ги чистеа пешачките патеки од отпадоци и плевел. Се средуваше и ботаничката градина и нејзината околина. „Комунална хигиена“ донираше и 50 корпи за отпадоци.

Ѓорѓи Галетановски нов директор на Зоолошка градина


Ѓорѓи Галетановски е новиот директор на Зоолошката градина. Тој е поранешен менаџер на дискотеки, а веќе неколку месеци работи во Зоолошката градина. Галетановски по наименувањето најави дека градината годинава ќе биде збогатена со нови животни. Во август ќе дојдат слоновите од Белгија, за беше направено ново живеалиште, а во септември ќе дојдат и шимпанза и …

Ѓорѓи Галетановски нов директор на Зоолошка градина Read More »