Слониците Дуња и Даела доаѓаат во Скопје


Азиската слоница Дуња, која е најголемата од нејзиниот вид во Европа заедно со африканската слоница Даела за неколку денови доаѓаат во Македонија. Од Зоолошката градина информираат дека нивните негователи веќе се во Белгија, каде што се запознаваат со животните и ќе ги придружуваат на нивниот пат кон новиот дом.
Дуња и Даела се првите слоници, кои по 26 години ќе живеат во Скопската Зоолошка градина, а за нив беше направено и ново живеалиште.