Биткоинот за прв пат надмина 70.000 долари


  Вредноста на криптовалутата биткоин за прв пат ја надмина границата од 70.000 долари. Околу 17:00 часот по средноевропско време требаше да се повлечат биткоини во вредност од 70.085,85 долари, по што цената на оваа најстара и најпозната криптовалута повторно падна. Причината аналитичарите ја гледаат во се погласните шпекулации за претстојното намалување на каматните стапки. …

Биткоинот за прв пат надмина 70.000 долари Read More »

Биткоинот постави нов рекорд, никогаш не вредел толку


Биткоинот ја има својата највисока вредност на сите времиња. По повеќе од две години проблеми и криза која ја доведе во прашање самата иднина на најпопуларната криптовалута во светот, биткоинот ја надмина вредноста од 68.791 американски долари. Претходниот рекорд беше 68.789 американски долари и беше постигнат на 10 ноември 2021 година. Одобрување на ETF Порастот …

Биткоинот постави нов рекорд, никогаш не вредел толку Read More »

И покрај кризата,110 милиони нови корисници на пазарот на криптовалути


По значителниот пораст на пазарот на крипто во 2021 година, секторот се соочи со голем број пречки минатата година, како што е регулаторната нејаснотија, при што биткоинот доживеа значителна распродажба. Сепак, и покрај овој пад, има експоненцијално зголемување на приливот на корисници кои инвестираат во криптовалути. Податоците собрани од Finbold покажуваат дека бројот на корисници …

И покрај кризата,110 милиони нови корисници на пазарот на криптовалути Read More »

Биткоинот падна под 20.000 долари


Листата на компании „заглавени“ во Банката во Силиконската долина е долга, вклучувајќи го и (со  3,3 милијарди долари) Circle кој стои зад стејблкоинот USD Coin. Вчера неговата вредност видно се одвои од односот 1:1 со доларот и се лизна на рекордно ниско ниво, сè до 0,87 долари, а тоа влијаеше и на биткоинот, кој се …

Биткоинот падна под 20.000 долари Read More »

Биткоинот падна под 17.000 долари, најниско од 2020 година


  Цената на криптовалутата Биткоин падна на најниско ниво во последните две години по извештаите за проблеми со ликвидноста на големата трговска берза ФТХ. Биткоинот со 16.941 долари достигна најниско ниво од 2020 година. Цените на другите криптовалути, како што е Етер, исто така паднаа. Загубите во цената беа предизвикани од повторната загриженост на инвеститорите за стабилноста на …

Биткоинот падна под 17.000 долари, најниско од 2020 година Read More »

Биткоинот го поминува најлошиот месец од своето основање


Биткоинот е на пат да ја има најлошата квартална загуба во повеќе од една деценија. Најголемата криптовалута во светот изгуби околу 58 отсто од својата вредност во вториот квартал од 2022 година, според CryptoCompare. Биткоинот падна од 45.524 долари на почетокот на кварталот и се тргуваше околу 18.000 долари во четвртокот, последниот ден од тримесечниот …

Биткоинот го поминува најлошиот месец од своето основање Read More »

Биткоинот падна под 20.000 долари за прв пат од декември 2020 година


Цената на биткоинот денеска падна под 20.000 долари, за прв пат од декември 2020 година. Според податоците на порталот CoinDesk, цената на дигиталната валута паднала за 6,57 отсто во 8:55 часот по средноевропско време и изнесувала 19.450 долари, пренесе ТАСС. Од 9:05 часот, курсот на биткоин дополнително падна, па неговата цена во тоа време беше …

Биткоинот падна под 20.000 долари за прв пат од декември 2020 година Read More »

Биткоинот малку поскапе, се тргува за околу 21.670 долари


Биткоинот денеска благо поскапе, но инвеститорите сè уште не можат да закрепнат од драматичните загуби во последните неколку дена, кога најголемата криптовалута во светот падна под 20.000 долари. Во тргувањето во 3 часот и 40 минути по источноамериканско време, цената на биткоинот беше околу 21.667,90 долари, што е зголемување за речиси 3,0 отсто во однос на претходниот ден, покажуваат …

Биткоинот малку поскапе, се тргува за околу 21.670 долари Read More »

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини


BINANCE, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, денеска соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“. Основачот и извршен директор на Binance, Чангпенг Жао, прво на Твитер објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути.Но, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно …

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини Read More »

Биткоинот на најниско ниво од јануари


Хонг Конг– Биткоинот денеска падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува негативно да влијае на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше само 32.951 долари. Падот под тоа ниво би …

Биткоинот на најниско ниво од јануари Read More »

Ворен Бафет: „Да ми ги дадат сите биткоини на светот за 25 долари не би ги купил“


  Досега немал и нема намера да инвестира во криптовалути во иднина, и покрај фактот што се повеќе финансиски институции го менуваат својот став кон крипто. Бафет во неколку наврати го изразуваше своето незадоволство од биткоинот, а кои се конкретните причини за негативниот однос кон оваа дигитална валута, објасни тој за време на состанокот на …

Ворен Бафет: „Да ми ги дадат сите биткоини на светот за 25 долари не би ги купил“ Read More »

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута


Централноафриканската Република (ЦАР) го прифати биткоинот како законско средство за плаќање, соопшти денеска претседателскиот кабинет. Ова е втора земја по Ел Салвадор која се одлучува на ваков чекор. Пратениците едногласно усвоија нацрт-закон со кој биткоинот се претвора во законско средство за плаќање заедно со централноафриканскиот франк ЦФА и ја легализира употребата на криптовалути, а претседателот Фостен Арканџ Туадера ја потпиша мерката како закон, соопшти шефот …

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута Read More »

Елон Маск го „запали“ интернетот: Откри кој стои зад биткоинот?


Елон Маск повторно предизвика „хаос“ на социјалните мрежи по објавување на теорија на заговор околу Сатоши Накамото, што повторно отпочна шпекулации за идентитетот на мистериозниот програмер на Биткоин. Во твитот, Маск сподели фотографија која сугерира дека псевдонимот Сатоши Накамото е едноставно комбинација од слоговите на четири технолошки компании: „Са“ од „Самсунг“, „Тоши“ од „Тошиба“, „Нака“ …

Елон Маск го „запали“ интернетот: Откри кој стои зад биткоинот? Read More »

Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата


  Иако популарноста на криптовалутите расте и секоја година се инвестираат се повеќе пари на овој пазар, мал број луѓе контролираат речиси една третина од вкупната циркулација на Биткоинот. Никој не спори дека 2021 година беше важна за Биткоин. Големи промени на цените, легализација на оваа валута во Ел Салвадор, се повеќе политичари и познати …

Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата Read More »

Биткоинот ја загрозува борбата против глобалното затоплување, тврдат научници


САД-Побарувачката за биткоини би можела да ги поништи глобалните напори за ограничување на глобалното затоплување, бидејќи оваа попопуларна дигитална валута бара огромни количини на енергија за производство, предупредија научници. Производството на биткоини, за кои има зголемена побарувачка, во 2033 година, би можело да ја поништи целта за ограничување на  глобалното затоплување за 2 Целзиусови степена …

Биткоинот ја загрозува борбата против глобалното затоплување, тврдат научници Read More »

Словенците изградија споменик посветен на биткоинот


Во словенечкиот град Крањ денеска ќе биде откриен споменик посветен на криптовалутата биткоин. Кружната метална скулптура со буквата „Б“ е тешка три тони и има пречник од седум метри. Поставена е на новиот кружен тек во Крањ. – На нашата Фејсбук страница ги замоливме граѓаните да одлучат што да поставиме на новиот кружен тек и …

Словенците изградија споменик посветен на биткоинот Read More »

Голем пад на трговијата со биткоини


Вредноста на биткоинот продолжи да се намалува, и сега најпопуларната криптовалута повторно изнесува под 10.000 долари. Биткоинот вчера се намали на 9.300 долари, за наскоро потоа да се искачи на 9.600 долари. Највисоката точка за валутата беше постигната на 20 февруари, кога еден биткоин се продаваше за 11.765 долари, но позначајна од вредноста е количеството …

Голем пад на трговијата со биткоини Read More »

Биткоинот двојно ја зголеми својата вредност


Најпознатата крипто валута достигна 11.000 долари, со што речиси двојно ја зголеми вредноста откако претходно овој месец се намали на 6.000 долари. Биткоинот вчера достигна 11.328 долари по информацијата дека непознат инвеститор во периодот меѓу 9 и 12 февруари купил биткоини во вредност од 344 милиони долари. Купувањето се случило по големата распродажба, која избришала …

Биткоинот двојно ја зголеми својата вредност Read More »

Биткоинот одново ја надмина вредност од 10.000 долари


Најпопуларната крипто валута во светот – биткоинот, одново ја надмина психолошката бариера од 10.000 долари, што претставува нејзино прво надминување на тоа ниво по повеќе од две недели. На КоинМаркетКап вредноста на биткоинот достигна 10.013 долари, на берзата Битфинекс на 10.047, а на луксембуршката Битстамп – 10.234 долари Сегашните вредности на биткониот се за околку …

Биткоинот одново ја надмина вредност од 10.000 долари Read More »

Коосновачот на „Епл“: Заврши експериментот со биткоинтот


Коосновачот на „Епл“, Стив Возниак откри дека извесен период експерименирал со виртуелната валута биткоин, но потоа ги продал. Тој изјави дека во еден момент одлучил дека му е доста од експериментирање со виртуелните валути и ги продал сите биткоини што ги поседувал. Тој ги продал биткоините кога неговата вредност била околу 20.000 долари. Возниак не …

Коосновачот на „Епл“: Заврши експериментот со биткоинтот Read More »