Коосновачот на „Епл“: Заврши експериментот со биткоинтот


Коосновачот на „Епл“, Стив Возниак откри дека извесен период експерименирал со виртуелната валута биткоин, но потоа ги продал.

Тој изјави дека во еден момент одлучил дека му е доста од експериментирање со виртуелните валути и ги продал сите биткоини што ги поседувал.

Тој ги продал биткоините кога неговата вредност била околу 20.000 долари. Возниак не откри колку биткоини поседувал, но откри дека ги купил во летото 2017 година, додека вредноста на еден биткоин беше 700 долари.

Инаку, цената на Биткоинот утрово падна под 8.000 долари, со што е продолжен минатонеделниот пад на најпопуларната виртуелна ваулта.

Негативниот тренд на цената на биткоинот започнал кон средината на декември минатата година, кога во еден момент надминал 19.000 долари, но од тогаш цената паднала за околу 11.000 долари.

Биткоинот е потресен со објавата на некои од најголемите банки, дека забрануваат употреба на кредитни картички за купување на виртуелни валути.