Словенците изградија споменик посветен на биткоинот


Во словенечкиот град Крањ денеска ќе биде откриен споменик посветен на криптовалутата биткоин.

Кружната метална скулптура со буквата „Б“ е тешка три тони и има пречник од седум метри. Поставена е на новиот кружен тек во Крањ.

– На нашата Фејсбук страница ги замоливме граѓаните да одлучат што да поставиме на новиот кружен тек и ова беше еден од првите предлози што ги добивме… Крањ има многу компании што се занимаваат со висока технологија – изјави градоначалникот Бостјан Трилар.

Изработката на споменикот ја платиле две локални фирми кои и самите користат криптовалути.