Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош


Голем број семејства од Тетовско со месеци не можат да добијат термин во стручно тело кое дава наод за попреченост кај деца, по што се лишени од основата да остварат право за добивање надоместок. Станува збор за износи како посебен додаток за деца до 26 години со попреченост од само 7000 денари месечно. – Моето …

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош Read More »

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии


Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час. Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 …

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии Read More »

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница


Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи одржаа прес-конференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта. Министерот Фатмир Меџити во изјавата за медиумите оцени дека со тоа заокружен е еден значаен проект за Клиничка болница Тетово. – На пациентите им …

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница Read More »

Тетовец ги претепал сопругата и малолетниот син


Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг, 39-годишниот В.З. од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.  

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума


Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување на реактивираниот пожар на тешко пристапни места кај селото Милетино во Општина Брвеница, каде што пожарот зафати борова шума.   Инаку, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека врз пожарот на терен, од разденување, утрово интервенираат 15 …

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума Read More »

Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил


Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што попладнево се случила околу 17:30 часот. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З. Во …

Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил Read More »

Тетовската библиотека доби рок од Владата за преместување, вработените бараат соодветни услови за работа


Во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ пристигнале владините одлуки за нивно преместување во други простории на Центарот за култура, но вработените бараат заедно со Министерството за култура да се најде посоодветно решение. Вработените повторно јавно реагираат и алармираат за несоодветните услови за работи кои би ги имале соседните простории каде Владата им наложи да се преместат. …

Тетовската библиотека доби рок од Владата за преместување, вработените бараат соодветни услови за работа Read More »

Советот на Општина Тетово одобри јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет


 Советот на Општина Тетово на денешната 19-та седница изгласа одлука со која се одобрува јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет. Општината претходно спровела тендер на кој е избрана фирма од Словенија да ја врши оваа услуга. На тендерот му претходеше и физибилити-студија за оправданоста на јавното приватно партнерство. – За најповолен понудувач се избра …

Советот на Општина Тетово одобри јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање смет Read More »

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово


Владиниот прв вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска извршија увид на рехабилитација на автопатската делница А2 или од Скопје – Тетово. Според …

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово Read More »

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение


Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да …

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение Read More »

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки


Сите тетовски градинки без исклучок се места каде има огромни купишта смет оставени покрај преполните контејнери, па наликуваат на депонии среде урбана средина. Кај градинката Поток, комуналното претпријатие ги отстрани контејнерите од пред објектот, со цел да се оневозможи оставање смет пред самиот влез. Поставен беше само еден контејнер во дворот, одзади објектот за потребните …

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки Read More »

Делови од Тетово над 24 часа без вода поради поголем дефект на редуктор


Жителите на Тетово во источниот дел од градот над 24 часа останаа без вода за пиење, поради поголем дефект. Според информациите на Јавното комунално претпријатие Тетово дефектот е поправен и во текот на денот водоснабдувањето ќе се нормализира. – Цел ден, вчера вторник немавме вода. Проблемот е и во тоа што кога се јавивме во …

Делови од Тетово над 24 часа без вода поради поголем дефект на редуктор Read More »

Во Тетово ќе се основа Државен студентски дом, ќе има капацитет од 300 легла


На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово кој ќе има капацитет од 300 легла.    Како што информира владината прес-служба, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на новиот студентски дом во Тетово се предвидени согласно со нормативите и …

Во Тетово ќе се основа Државен студентски дом, ќе има капацитет од 300 легла Read More »

Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига


Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и немањето резултати од повеќемесечни безуспешни обиди за договор со општината. Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот …

Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига Read More »

Многу губитници од великоалбанскиот инцидент во Тетово, добитник само Вучиќ


  Кој би можел да се пофали со некаква корист од изложувањето на мапата на „Голема Албанија“ на собирот во Тетово во чест на косовскиот премиер Албин Курти. Веројатно никој во Македонија (или малкумина), додека вистинскиот добитник е политичарот надвор од државава, српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ инстантно се обиде да ја искористи шансата што …

Многу губитници од великоалбанскиот инцидент во Тетово, добитник само Вучиќ Read More »

Остра реакција на Пендаровски: Иконографијата во Тетово разгорува етничка омраза


  Претседателот Стево пендаровски се надоврза на редицата осуди што стигнаа по собирот во тетово во чест на косовскиот премиер Албин Курти, каде што беше истакнато знаме на Голема Албанија. Пендаровски вели дека со „националистичката иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост“ и тоа во деновите кога се одбележува …

Остра реакција на Пендаровски: Иконографијата во Тетово разгорува етничка омраза Read More »

Доаѓањето на Курти го парализира Тетово


Утре, петок 11 август во Тетово, по повод престојот на официјална делегација на Република Косово, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета. Според информациите од Општина Тетово делегацијата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти ќе ја посети …

Доаѓањето на Курти го парализира Тетово Read More »

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година?


Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично, предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории кои досега ги користеше Факултетот за …

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година? Read More »

Одземени ингеренциите на тетовскиот градоначалник за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“


Министерот за образование ја одзеде надлежноста на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами за работењето на гимназијата во траење од 12 месеци, соопштија од МОН. Ова е направено, поради неможноста гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ да ги плати сметките за струја, поради што таа е исклучена во објектот. – Ова училиште од денеска е без струја, токму …

Одземени ингеренциите на тетовскиот градоначалник за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Read More »

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела


 В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците. – Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и …

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела Read More »