Тетовец ги претепал сопругата и малолетниот син


Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг, 39-годишниот В.З. од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син, извести СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот.