Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица


Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје. Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот. Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“. Се преземаат мерки за …

Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица Read More »

Учесник во тепачка во Радовиш одзел пиштол од полицаец


 Во тепачка што се случила вчера пред Полициската станица во Радовиш, еден од учесниците при турканицата која настанала,  одзел пиштол од полицаец кој сакал да го спречи насилството и се заканил дека ќе го употреби. Пиштолот веднаш му бил одземен од полицискиот службеник. Откако вчера околу 17:50 часот пред влезот на станицата настанала тепачка помеѓу …

Учесник во тепачка во Радовиш одзел пиштол од полицаец Read More »

(Видео) Тепачка во косовското Собрание


Пратеникот на Демократската партија на Косово (ПДК) во косовското Собрание, Џавит Халити денеска за време на собраниската расправа го удри неговиот колега од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши. Како што јавија приштинските медиуми, посериозен инцидент спречиле останатите пратеници. Ден по нивната жестоката вербална расправија на парламентарната  седница, Халити, кој е еден од основачите …

(Видео) Тепачка во косовското Собрание Read More »

Тепачка по недоразбирање во сообраќајот на „Приштинска“ во Скопје


Четириесет и седумгодишен скопјанец вчера бил нападнат од група од околу 10 лица на ул. „Приштинска“ во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Т.А. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот на улицата „Приштинска“ физички бил нападнат од група …

Тепачка по недоразбирање во сообраќајот на „Приштинска“ во Скопје Read More »

Шестмина приведени поради тепачка во кабаре во Охрид


Полицијата синоќа привела шест лица кои предизвикале тепачка во кабаре во Охрид. Инцидентот се случил околу два часот по полноќ во кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид. На тепачката и претходела вербална расправија што потоа преминала во физичка пресметка во која учествувале И.Ј.(34) од Охрид од една и И.М.(31) од селото Белчишта, Н.М. од …

Шестмина приведени поради тепачка во кабаре во Охрид Read More »

Тепачка меѓу две семејства во Струмица, интервенира полицијата


Три полициски автомобили, едно комбе и десетина полицајци попладнево по 15 часот интервенираа во Турското маало во Струмица. Според првичните информации на влезот во маалото дошло до тепачка меѓу две семејства при што биле употребени и секири. Очевидци раскажуваат дека до пресметка дошло поради расправија за место за продажба, а според други, пак, поради недоразбирање …

Тепачка меѓу две семејства во Струмица, интервенира полицијата Read More »

Тарававри: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан


Насилството што се случи во дворот на гостиварската гимназија е невиден срам што никогаш не се случил во историјата на Гостивар, е оценката на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари за настанот кога во петокот двајца професори се задобија со телесни повреди во физичка пресметка со две други лица. Градоначалникот на денешната прес-конференција побара од …

Тарававри: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан Read More »

Неготино: Утврдени пропусти кај наставници во училиштето кадешто се случи тепачка


Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште “Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето. – Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на …

Неготино: Утврдени пропусти кај наставници во училиштето кадешто се случи тепачка Read More »

Тепачка во дворот на гостиварската гимназија


Четири лица го нарушиле јавниот ред и мир во дворот на средното општинско училиште Гостивар, по што две лица завршиле со телесни повреди. Од СВР Тетово потврдуваат дека случајот кај нив го пријавил вработен во училиштето попладнево околу 16 часот. Според првичните сознанија, две лица вработени со други две лица кои не биле вработени во …

Тепачка во дворот на гостиварската гимназија Read More »

Претепан прилепчанец поради статус на Фејсбук


Прилепчанецот И.Р. (37) физички нападнал, уценувал и ограбил свој сограѓанин поради објавен статус на „Фејсбук“ против него. Како што информира МВР, Б.М.(36) пријавил дека вчера околу 19 часот додека се движел пеш по улицата „Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, од кое излегол И.Р. (37) заедно со уште едно лице. Почнале да му се …

Претепан прилепчанец поради статус на Фејсбук Read More »

Едно лице тешко повредено во тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан


Меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан денеска изби тепачка во близина на белградската населба Аутокоманда пред натпреварите против Земун, односно Борец. Околу 16 часот, еден час пред почетокот на натпреварите, во тепачката меѓу навивачите на белградските фудбалски клубови еден заврши во болница со тешки повреди. Навивачот имал видливи исеченици на рацете и стомакот од голем …

Едно лице тешко повредено во тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан Read More »

Во две одделни тепачки на малолетници повредени две лица


Во полицијата вчера се пријавени два одвоени случаи во којшто како сторители се јавуваат малолетни лица, а настаните се случиле во близина на училишта. Повредени се две лица, едното има убод од нож, а другото се здобило со повреди на лицето и телото. Синоќа во 19:17 часот од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ …

Во две одделни тепачки на малолетници повредени две лица Read More »

Гостиварец ја истепал девојката


Пред зграда во Гостивар вчера околу 18:30 часот 38-годишна девојка била физички нападната од нејзиното 23-годишно момче. Како што информира МВР, вчера 38-годишната А.Е., која времено престојувала во Гостивар, пријавила дека 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал околу 18:30 часот, додека била пред влезот на станбената …

Гостиварец ја истепал девојката Read More »

Скопјанец спречил тепачка во кафеана, па го натепале во друга


Сопственик на угостителски објект лоциран во ТЦ Беверли Хилс З.В. (50) синоќа бил вербално нападат од група гости откако при крај на работното време се обидел да ја изгасне музиката. Тие негодувале и започнале вербална расправија со него. За да не дојде до поголем инцидент И.С. (41) ги разделил гостите и сопственикот. Тие почнале да …

Скопјанец спречил тепачка во кафеана, па го натепале во друга Read More »

Полицијата приведе 20 лица за тепачката во Ченто


МВР соопшти дека 20 лица се приведени во врска со вчерашната тепачка меѓу две групи малолетници на автобуската постојка на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто. Како што се наведува во полицискиот билтен, околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија …

Полицијата приведе 20 лица за тепачката во Ченто Read More »

Приведени 15 лица во тепачка во Ченто, каменуван автобус на ЈСП


Петнаесет лица се приведени вечерва откако настанала тепачка меѓу две групи на улицата „А.Авдовиќ“ во населбата Ченто. Во тепачката од страна на едната група каменувал е автобус бр. 65 б кој соообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци при што се искршени четири стакла. Случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП околу 19:35 часот. Полицијата потврди …

Приведени 15 лица во тепачка во Ченто, каменуван автобус на ЈСП Read More »

Елаборат за куќа го доведе Бакрачески до тепачка


Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, бил инволвиран во тепачка во Охрид поради што бил повикан на разговор во полицијата, дознава „Независен весник“. Инцидентот се случил во понеделникот вечерта кога негови пријатели нападнале 38-годишен охриѓанец, нанесувајќи му повреди во главата. Причина, наводно, биле нерасчистени финансиски сметки. Настанот го потврдуваат од Министерството за внатрешни работи, од …

Елаборат за куќа го доведе Бакрачески до тепачка Read More »

Пресметка пред казино во Прилеп: Две лица избодени со нож


З.П. (54) од Прилеп е приведен откако рано утрово, околу четири часот, по претходна расправија, со остар предмет ги пробол К.Р. (25) и М.Р.(26). Според МВР, настанот се случил пред казино во Прилеп. Повредените се пренесени во Медицински центар – Прилеп.

Маж, жена и нивниот син истепале полицајци оти сакале да им го одземат тракторот


Маж, жена и нивниот син завчера истепале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициската станица Крива Паланка, кои сакале да им го одземат тракторот, поради немање соодветна документација. Како што соопшти МВР завчера околу 10:25 часот Д.Т. (54) од Одрено, општина Ранковце, заедно со неговата сопруга З.Т. (40) и малолетните синови, физички нападнале полициски …

Маж, жена и нивниот син истепале полицајци оти сакале да им го одземат тракторот Read More »

Масовна тепачка на белградското дерби Партизан – Црвена звезда (ВИДЕО)


Големото дерби меѓу „лутите“ белградски ривали Партизан и Црвена звезда, кое заврши без победник 1-1, мина во знак на масовните тепачки на трибините каде се наоѓаа симпатизерите на црно-белите. До инцидентот дојде во моментот кога околу 50-тина навивачи на Црвена звезда почнале да ги кинат транспарентите на „гробарите“, при што навивачите на Партизан веднаш физички …

Масовна тепачка на белградското дерби Партизан – Црвена звезда (ВИДЕО) Read More »