Пресметка пред казино во Прилеп: Две лица избодени со нож


З.П. (54) од Прилеп е приведен откако рано утрово, околу четири часот, по претходна расправија, со остар предмет ги пробол К.Р. (25) и М.Р.(26).

Според МВР, настанот се случил пред казино во Прилеп. Повредените се пренесени во Медицински центар – Прилеп.