Скопјанец спречил тепачка во кафеана, па го натепале во друга


Сопственик на угостителски објект лоциран во ТЦ Беверли Хилс З.В. (50) синоќа бил вербално нападат од група гости откако при крај на работното време се обидел да ја изгасне музиката. Тие негодувале и започнале вербална расправија со него. За да не дојде до поголем инцидент И.С. (41) ги разделил гостите и сопственикот. Тие почнале да фрлаат шишиња кон шанкот, по што го напуштиле локалот.

– Околу 02:30 часот, И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во претходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди, информираат од МВР.

Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект С.С. (25).

После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.