Шестмина приведени поради тепачка во кабаре во Охрид


Полицијата синоќа привела шест лица кои предизвикале тепачка во кабаре во Охрид.

Инцидентот се случил околу два часот по полноќ во кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид. На тепачката и претходела вербална расправија што потоа преминала во физичка пресметка во која учествувале И.Ј.(34) од Охрид од една и И.М.(31) од селото Белчишта, Н.М. од село Лешани, Б.Л.( 27) од Гостивар, И.М.(31) и Љ.С. (34), двајцата од селото Белчишта.

Полицијата веднаш реагирала со што биле спречен посериозен инцидент. Против сите приведени лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.