Приведени 15 лица во тепачка во Ченто, каменуван автобус на ЈСП


Петнаесет лица се приведени вечерва откако настанала тепачка меѓу две групи на улицата „А.Авдовиќ“ во населбата Ченто.

Во тепачката од страна на едната група каменувал е автобус бр. 65 б кој соообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци при што се искршени четири стакла.

Случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП околу 19:35 часот.

Полицијата потврди дека е излезено на местото на настанот и оти во полициската станица Гази Баба се однесени 15-те лица од двете групи за целосно рачистување на настанот.