Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица


Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје.

Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот.

Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.