Бројот на починати лица од студ се искачи на 46
Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, јави АФП. Поголем дел од жртвите се бездомници. Според агенцијата, студениот бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. …