Пратениците со 80 гласа „за“ го усвоија предлогот за пристапување кон уставни измени


По целодневна неизвесност, пратениците со 80 гласа „за“  и 39 „против“ го изгласаа владиниот предлог за пристапување кон уставни измени. Пратениците првично гласаа електронски и при гласањето, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „против“ станаа и во собраниските клупи останаа само пратениците кои гласаа „за“ да се поддржи предлогот за отворање на Уставот. Меѓу пратениците од …

Пратениците со 80 гласа „за“ го усвоија предлогот за пристапување кон уставни измени Read More »

Собраниска модна арена: Пази се од пратеници кога носат црвено


Деновиве, кога се расправа за уставните измени, Собранието е како арена, претседателот Талат Џафери како тореадор со црвениот плашт ги дисциплинира пратениците, а народните избраници, пак, водат сметка и за модата и како по договор носат црвена гардероба или црвени модни парчиња. Некои од ќеф, некои од инает, некои заради зголемување на егото, некои заради …

Собраниска модна арена: Пази се од пратеници кога носат црвено Read More »

Собраниската расправа за уставните измени продолжува утре


Собранието на Република Македонија в петок ќе ја продолжи седницата на која пратениците расправаат за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Вчера попладневното продолжение на седницата се одржа без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие претходно преку …

Собраниската расправа за уставните измени продолжува утре Read More »

Пратениците решаваат за НАТО и ЕУ


Во Собранието на Република Македонија и денеска ќе продолжи седницата на која пратениците расправаат за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Пратениците од парламентарното мнозинство и опозицијата и вчера, на вториот ден од расправата, останаа на своите ставови „за“ и „против“ уставните …

Пратениците решаваат за НАТО и ЕУ Read More »

Џафери не му дава на Мицкоски да зборува во Собранието


Парламентарниот спикер, Талат Џафери не планира да му даде дозвола на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се обрати во Собранието. Според Џафери, деловникот не му овозможува да го повика лидерот на опозицијата да зборува во парламентот, имајќи предвид дека не е пратеник. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев му реплицираше дека во минатото имало таква …

Џафери не му дава на Мицкоски да зборува во Собранието Read More »

Мицкоски бара да се обрати во Собранието


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара да му се дозволи се обрати во парламентот, дознава „Независен весник“. Според нашите информации, писменото барање е доставено до собраниските служби и се очекува одговор од претседателот Талат Џафери. Досега не се случило лидер на партија, кој не е пратеник, да зборува во законодавниот дом на Македонија. „Почитувани, со …

Мицкоски бара да се обрати во Собранието Read More »

Има ли пазарење за уставните амандмани? Игри со амнестија!


Дали амнестија за „крвавиот четврток“ во парламентот ќе биде отстапката што ќе ја направи владејачкото мнозинство за да добие за возврат поддршка од парламентарната опозицијата за донесување на уставните амандмани што произлегуваат од договорот со Грција? Вакво сценарио се чинеше многу веројатно во почетокот на вчерашната седница за владиниот предлог за пристапување кон уставни измени …

Има ли пазарење за уставните амандмани? Игри со амнестија! Read More »

Заев: Подготвен сум да ја платам цената


Четиринаесетминутниот говор на премиерот Зоран Заев, во кој апелираше за амнестија и помирување меѓу политичките партии за насилствата од 27 април, го засени првиот ден од вчерашната расправа во Собранието каде единствена точка на дневниот ред беа уставните измени по договорот со Грција. Тој рече дека тежината на историската одлука и на одговорноста лежи врз …

Заев: Подготвен сум да ја платам цената Read More »

Заев понуди помирување за двотретинско мнозинство, седницата продолжува и денеска


Со порака за помирување и простување, почнувајќи од настаните од 27 април, кога премиерот Зоран Заев беше цел за напад, а според него, и за линчување, вчера претседателот на Владата во своето обраќање на почетокот на седницата за уставни измени во Собранието ги повика пратениците да гласаат за уставните измени за земјата да влезе во …

Заев понуди помирување за двотретинско мнозинство, седницата продолжува и денеска Read More »

Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа за договорот


Пратеникот од владеачката коалиција, Ферид Мухиќ го промени ставот и ќе гласа за уставните измени во Собранието. Тој денеска од собраниската седница порача дека изминатиов период многу работи што не му биле јасни во договорот – му се разјасниле, останува на своето приватно уверување оти не требало воопшто да се преговара за името на државата, …

Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа за договорот Read More »

Протест пред Собрание: Повеќе полицајци од демонстранти


Дваесетина граѓани се собраа пред зградата на Собранието каде треба да започне собраниската седница за договорот со Грција. Тие им порачаа на пратениците да не ги изгласуваат уставните измени. Околу Собранието е забележливо силно полициско обезбедување.

Уставните измени на пленарна седница, двотретинското мнозинство неизвесно


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата. На матичната собраниска Комисија за уставни прашања во петокот по дводневна расправа, беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени …

Уставните измени на пленарна седница, двотретинското мнозинство неизвесно Read More »

Женска соба во Собранието


Современо уредена соба со симболични национални премиси, која денеска беше официјално отворена, ќе биде простор во кој Клубот на пратенички ќе функционира, ќе одржува состаноци, средби, ќе прима делегации и ќе се дружи. „Тука се прикажани низ слики дел од активностите на нашите драги колешки, а во иднина оваа институционална меморија ќе биде збогатена со …

Женска соба во Собранието Read More »

Продолжува судењето за „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, кои ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година. За случувањата во Собранието на 27 април …

Продолжува судењето за „27 април“ Read More »

Двотретинското мнозинство во фокусот на Владата, изборите како последна легална алатка


Обезбедување двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени во Собранието, кои произлегуваат од Договорот од Преспа, е во фокусот на Владата следните денови, иако не е исклучена опцијата, како последна легална алатка, да се одржат и предвремени парламентарни избори. Премиерот Зоран Заев веќе посочи дека доколку се оди на избори тие би се одржале кон …

Двотретинското мнозинство во фокусот на Владата, изборите како последна легална алатка Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да провери дали во недела се полнеле кутии


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието доставија предлог одлука за формирање на Анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30 септември. Тие бараат покрај периодот на кампањата, анкетната комисија да провери индициите дека на одредени избирачки места има сериозни нерегуларности, односно фалсификување на резултатите преку полнење на …

ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да провери дали во недела се полнеле кутии Read More »

Собранието да ја заврши работата – бара меѓународниот фактор


Меѓународниот фактор по завршувањето на референдумот во Македонија на кој мнозинството граѓани кои излегоа на гласање се изјаснија за европската иднина на државата очекува македонското Собрание да ги усвои уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел го поздрави постигнатото одобрување за Договорот од Преспа …

Собранието да ја заврши работата – бара меѓународниот фактор Read More »

Сведочења за 27 април: Немало да има упад во Собранието без помош од внатре


Полицијата, односно припадниците на СВР Скопје, каде бил помошниот безбедносен штаб за протестите на „За заедничка Македонија“ разгледувале неколку сценарија пред да се случи упадот во Собранието на 27 април. Но во ниту еден момент во СВР Скопје не се разгледувала можноста масата која секојдневно протестирала пред Собрание да влезе внатре. Оние кои работат на …

Сведочења за 27 април: Немало да има упад во Собранието без помош од внатре Read More »

Предлагачи на уставните промени ќе бидат 71 пратеник


Постапката за уставни измени ќе почне веднаш по референдумот на 30 септември, а предлагачи на амандманите на Уставот, според собраниски извори, најверојатно, ќе бидат 71 пратеник од владејачката коалиција и од двете опозициски партии од албанскиот блок кои го поддржуваат референдумот. Според напишите соговорници, се планира Собранието, како иницијатор на престојниот референдум, да биде и …

Предлагачи на уставните промени ќе бидат 71 пратеник Read More »

Средба на Џафери со потпретседателот на Европскиот парламент Касталдо


 Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со потпретседателот на Европскиот парламент, Фабио Масимо Касталдо, кој учествуваше на Конференцијата на млади лидери, организирана од Собранието на Република Македонија и ЕП за политичкото учество на младите и младинските политики со пратеници од Западен Балкан. Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до …

Средба на Џафери со потпретседателот на Европскиот парламент Касталдо Read More »