Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници


 Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот. Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“. Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста …

Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници Read More »

Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска


Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, информацијата е потврдена за агенцијата СТА. Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот. Како што покажуваат податоците на словенечкото …

Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска Read More »

Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари


Студениот фронт со силен дожд и ветер, кој во текот на ноќта ги зафати речиси сите делови на Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да изгаснат пожар предизвикан од молња. Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, …

Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари Read More »

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници


Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми. Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега. На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната …

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници Read More »

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за избор на новата влада предводена од Роберт Голоб


Словенечкиот парламент денеска ќе одржи седница на која ќе се гласа за новата влада на Роберт Голоб. Се очекува новоизбраната влада денеска да ја одржи првата седница, а мандатарот Голоб да ја преземе премиерската функцијата што досега ја вршеше Јанез Јанша. За избор на новата влада е потребна поддршка на мнозинство од присутните пратеници, кои …

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за избор на новата влада предводена од Роберт Голоб Read More »

Словенија: Заврши ерата на Јанша, Роберт Голоб е избран за премиер


  Еден месец по изборите собранието на Словенија денеска го избра Роберт Голоб за премиер на државата. За него гласа 54 пратеници, а 30 беа против во 90-членото собрание. Сега Голоб треба да ја формира владата и да ја претстави пред пратениците. Со тоа заврши третото владеење на Јанез Јанша (овој пат од две години), …

Словенија: Заврши ерата на Јанша, Роберт Голоб е избран за премиер Read More »

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада Роберт Голоб


 Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април. Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија „Движење Слобода“ со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на …

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада Роберт Голоб Read More »

Голоб: Словенечкиот Парламент веќе во среда би можел да гласа за нов премиер


 Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска ќе почне разговори со пратеничките групи за кандидатите за мандатар за состав на новата влада. Најверојатно, кандидат ќе биде лидерот на Движењето слобода, Роберт Голоб, а собранието би можело да гласа за новиот премиер во среда. Доколку при разговорите со пратеничките групи се потврди доволна поддршка за Голоб, Пахор и формално ќе го …

Голоб: Словенечкиот Парламент веќе во среда би можел да гласа за нов премиер Read More »

Најмалку шест лица загинати во несреќата во хемиската фабрика во Словенија


Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозија и пожарот потврди директорот, Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот. Се очекува денеска полицијата да излезе со …

Најмалку шест лица загинати во несреќата во хемиската фабрика во Словенија Read More »

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица


Во денешната експлозија и пожар во фабриката „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, најверојатно загинале сите пет лица, кои се сметаа за исчезнати, а шестмина се повредени, соопшти менаџментот на компанијата. Директорот на компанијата Сречко Штефаниќ изјави дека шансите за преживување на петмината исчезнати се „речиси непостоечки“ поради јачината на експлозијата, пренесува словенечката агенција СТА. Од …

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица Read More »

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, 20 повредени


  Денеска во 8.35 часот одекна експлозија во хемиската фабрика „Меламин“ во центарот на словенечкиот град Кочевје, при што избувна пожар. Од Управата за заштита и спасување соопштија дека во несреќата се повредени над дваесет лица, а две лица се пренесени во Универзитетскиот медицински центар Љубљана. На местото на настанот веднаш пристигнале интервентни служби и …

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, 20 повредени Read More »

Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата


Словенија – Цените на нафтените деривати во Словенија достигнаа рекордно ниво, и литар бензин на домашните бензински пумпи „Петрол“ чини 1,617 евра, а дизелот 1,817, додека на бензинските пумпи на автопатиштата цената е повисока. Идниот премиер Роберт Голоб, како што пренесе Бета, денеска ги обвини дистрибутерите на нафтени деривати за картелско договарање за зголемување на малопродажните цени, што го овозможи …

Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата Read More »

Роберт Голоб, победник на изборите, порача дека „слободата доаѓа во Словенија“


  Новиот состав на словенечкиот парламент ќе вклучува пет политички партии, двојно помалку од сегашните, а новата влада ќе ја формира Роберт Голоб од Движењето за слобода (ГС), победникот на вчерашните парламентарни избори, кој порача дека „слободата доаѓања“ во Словенија Според нецелосните резултати по пребројани повеќе од 80 отсто од гласовите, партијата на Голоб освоила …

Роберт Голоб, победник на изборите, порача дека „слободата доаѓа во Словенија“ Read More »

Лоши вести за Јанша на изборите во Словенија, триумф на Роберт Голоб


  Политичкиот ветеран на словенечката политичка сцена, Јанез Јанша, доживеа голем пораз на изборите во Словенија, а човекот кому пред гласањето му се даваа најмногу шанси, Роберт Голоб, заврши со голем триумф. Според резултатите излезните анкети на агенцијата „Медијана“, кои таа ги спроведе за РТВ Словенија и Поп Тв, партијата Движење Слобода на Голоб постигна …

Лоши вести за Јанша на изборите во Словенија, триумф на Роберт Голоб Read More »

Словенија в недела излегува на избори на кои се решава судбината на Јанша


  ЉУБЉАНА – Кога минатиот месец ја посети Украина со уште двајца европски лидери, премиерот Јанез Јанша од Словенија сакаше да покаже солидарност со нацијата погодена од војна и да привлече поддршка дома пред, како што се очекува, тесните парламентарни избори. Изборите закажани за в недела 24 април се одржуваат во услови на засилени политички …

Словенија в недела излегува на избори на кои се решава судбината на Јанша Read More »

В недела парламентарни избори во Словенија


Словенија – Речиси 1,7 милиони Словенци со право на глас в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер Јанез Јанша во последните две години и алтернативата што ја ветува менаџерот Роберт Голоб, претставувајќи се како негов антипод. Словенците в недела ќе изберат 90 пратеници во деветтиот состав на Државниот збор (парламентот) откако Словенија …

В недела парламентарни избори во Словенија Read More »

Во Словенија досега влегле 18.500 бегалци од Украина, ќе згрижи и сирачиња од Луганск


Од 18.500 Украинци кои влегле во Словенија од почетокот на војната, една четвртина останала во земјата, 1.225 досега добиле статус на привремена заштита, а се прават подготовки да се прифатат децата од сиропиталиштата во Луганск. Досега во Словенија се регистрирани 18.415 украински бегалци, а во моментов престојуваат 4.718 бидејќи повеќето биле во транзит. Во владината Канцеларија за интеграција на мигранти пристигнале …

Во Словенија досега влегле 18.500 бегалци од Украина, ќе згрижи и сирачиња од Луганск Read More »

Голема побарувачка за работници во Словенија


Рекорден број огласи за работа во Словенија е објавен на порталот за барање работа MojeDelo.com. Во моментов 900 работодавачи бараат речиси 5.000 нови работници. Порталот преку соопштение наведува дека во периодот пред короната имале околу 2.000 огласи за вработување. За време на епидемијата со Ковид-19, тој број накратко падна на 700, а потоа повторно се …

Голема побарувачка за работници во Словенија Read More »

Словенија протера 33 руски дипломати


Словенија – Словенечката Влада денеска соопшти дека 33 руски дипломати се протерани откако во украинскиот град Буча беа пронајдени тела на убиени цивили, а Киев ги обвини руските сили за масакр. Претходно, Министерството за надворешни работи соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Тимур Ејвазов за да ја изрази „огорченоста на Словенија поради убиството на украинските цивили …

Словенија протера 33 руски дипломати Read More »

Северна Македонија и Словенија потпишаа Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе


Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија ,Оливер Спасовски и на Словенија, Алеш Хојс денеска во Скопје потпишаа Имплементациски договор помеѓу владите на двете земји за борба против трговија со луѓе. – На заедничко задоволство со колегата денеска го потпишавме Имплементацискиот протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за борба …

Северна Македонија и Словенија потпишаа Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе Read More »