Словенија именуваше специјален пратеник за Западен Балкан


Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека Словенија го именува Анжеј Франгеш за специјален пратеник за Западен Балкан. За именувањето на нашиот пратеник за регионот на Западен Балкан го информирав заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, наведе Фајон. Франгеш е вработен во словенечкото Министерство за надворешни работи од 2003 година. 

Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината


  Банките во Словенија во првата половина од годинава оствариле 212,5 милиони евра добивка пред оданочување. Тоа е за 15,4 отсто помалку од една година порано, а падот на добивката е резултат на повисоките оперативни расходи и создавањето нето-резервации, наведува Банката на Словенија во редовното месечно објавување за работењето на банките. Во првото полугодие од …

Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината Read More »

Словенечкиот БДП скокна за 8,2 отсто во вториот квартал


  Обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 отсто на годишна основа. За ова придонесе домашната и странската побарувачка. Според податоците на Централното биро за статистика (Сурс), на растот на домашната потрошувачка во тој период најповолно влијаела потрошувачката на домаќинствата, додека на странската размената на услуги. …

Словенечкиот БДП скокна за 8,2 отсто во вториот квартал Read More »

Словенија: Бројот на слободни работни места е најголем од 2008 година


Во Словенија во вториот квартал од годината има речиси 25.900 слободни работни места – највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува тие податоци во 2008 година. Најголем дел од слободните работни места се во угостителството. Отворените работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал …

Словенија: Бројот на слободни работни места е најголем од 2008 година Read More »

Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници


 Во Словенија досега се потврдени вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје. Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и Босна и Херцеговина. Уште една третина се заразила во Словенија, додека за останатиот дел од пациентите сè уште не е познато каде се заразиле. Мајмунските сипаници …

Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници Read More »

Драма во Словенија: Оган опколил пожарникари, ги спасил „канадер“


  На социјалните мрежи вирално стана видео од првата огнена линија во областа Крас во Словенија, каде беснеат многу пожари. Екипа пожарникари била опкружена со оган, па не било можно да се повлечат, но биле спасени од авион „канадер“кој истурил вода на теренот. Клемен Горуп, пожарникар од ПГД Хрватини и автор на видеото, за Н1 …

Драма во Словенија: Оган опколил пожарникари, ги спасил „канадер“ Read More »

Пожарот во Словенија продолжува да беснее, на италијанската страна има жртва


  Словенија – На словенечкиот Крас, крај границата со Италија, продолжува да беснее шумскиот пожар што досега зафати над 2.000 хектари, а синоќа на италијанската страна ја зеде и првата жртва. Педесет и шестгодишната Елени ло Дука го загуби животот откако врз неа падна опожарено дрво, при вршење увид. Според некои проценки, станува збор за најголем …

Пожарот во Словенија продолжува да беснее, на италијанската страна има жртва Read More »

Повторно активен пожарот во Словенија


Пожарот што го зафати словенечкиот регион Крас, што се наоѓа на границата со Италија, досега зафати повеќе од 2.000 хектари и тоа е најголем пожар во Словенија. Пожарот пред два дена се прошири од Италија, а синоќа беше ставен под контрола, за денеска повторно да се активира. Na intervenciji požar na Kremenjaku je po naših podatkih do sedaj aktiviranih …

Повторно активен пожарот во Словенија Read More »

(Видео) Голем пожар во Словенија, започнала евакуацијата на населението


Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој во средата на подрачјето на Крас се пренел од Италија и во тек е евакуација на населението од неколку села, а на терен дошле и министерот за одбрана Маран Шарец и командантот на цивилната заштита Среќко Шестан, јавуваат словенечките медиуми. Пожарот од италијанска страна …

(Видео) Голем пожар во Словенија, започнала евакуацијата на населението Read More »

Словенија ќе донесе итен закон поради цените на струјата и гасот, ќе го намали и ДДВ


 Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска најави дека неговата влада ќе донесе низа мерки за ублажување на заканувачката енергетска криза и поскапувањето на енергенсите и очекува ваквиот владин интервентен закон да биде прифатен од парламентот по забрзана постапка. Една од мерките е и намалување на ДДВ за сите енергетски производи. Не само за струја и природен …

Словенија ќе донесе итен закон поради цените на струјата и гасот, ќе го намали и ДДВ Read More »

И Словенија побара од потрошувачите да бидат штедливи со природниот гас


Од потрошувачите во Словенија е побарано како мерка на претпазливост, да внимаваат на потрошувачката на природниот гас. Словенечката Агенција за енергетика објави ниво на рано предупредување како дел од кризниот план за информирање на јавноста за можни прекини во снабдувањето во иднина, во случај на намалено снабдување со гас од Русија, јави словенечката новинска агенција …

И Словенија побара од потрошувачите да бидат штедливи со природниот гас Read More »

Словенија го воведе првото ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас


Словенечката Регулаторна агенција за енергетика денеска го објави првото од четирите нивоа на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува …

Словенија го воведе првото ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас Read More »

Во дел од Словенија поради суша нема миење дворови, ни туширање на плажа


Поради долготрајна суша и како последна мерка пред уште построга редукција на водата во општини на словенечкиот брег забрането е залевање на јавното зеленило, а не може ни да се истуширате на плажите. Состојбата со резервите вода е критично Градоначалниците на четири крајбрежни општини, од кои најголема е Копер, објавија дека во моментот состојбата со …

Во дел од Словенија поради суша нема миење дворови, ни туширање на плажа Read More »

Словенија бара од Париз да најде „магична формула“ да го тргне бугарското вето


  Работата е премногу сериозна за да може и натаму да се одолговлекува ветото на Софија поврзано со нивните тврдења дека Скопје не ги признава и не обезбедува соодветни права за Бугарите во земјата и разни други историски и културни спорови. Словенија и нејзината нова министерка за надворешни работи, Тања Фајон, бара ЕУ конечно да …

Словенија бара од Париз да најде „магична формула“ да го тргне бугарското вето Read More »

Словенија: Литар бензин од полноќ 1,775, дизелот 1,848 евра


Бензините по долг период на замрзнати цени во вторникот на полноќ поскапуваат во Словенија, па новите цени на словенечките бензински пумпи ќе бидат 1,775 евра за бензин од 95 октани, а дизел горивото 1,848 евра за литар. Во понеделник попладне беа објавени нови цени на основните моторни горива на словенечките бензински пумпи. Ова е значително …

Словенија: Литар бензин од полноќ 1,775, дизелот 1,848 евра Read More »

Во Словенија недостиг на гориво на бензинските пумпи


На многу места во Словенија денеска граѓаните не можеа да полнат гориво на бензинските пумпи, а проблеми има и со сите добавувачи. Исчезнување на гориво е пријавено на бензинските пумпи „ОВМ“, „Петрол“ и „МОЛ“, јавуваат словенечките медиуми, пренесе Срна. Штаерска, Помурје, Прекмурје, Горња Савињска долина, Илирска Бистрица, Велење, Јесенице, Камник, Нова Горица, Горишка брда се …

Во Словенија недостиг на гориво на бензинските пумпи Read More »

Словенија денеска со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан


Словенечката влада поднесува предлог да се забрза процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан во контекст на кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово го потврди новата министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. Таа изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, …

Словенија денеска со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан Read More »

Предлог на словенечката Лекарска комора: На боледување до три дена без посета на лекар


За да се одобри кратко отсуство од работа поради здравствени причини, на вработените во Словенија не им требаше лекар во најтешките фази на пандемијата и оптоварувањето на здравствениот систем, а лекарите предлагаат повторно да се воведе tаа мерка. Лекарската комора на Словенија во предлогот до Владата наведува дека можноста за оправдано отсуство од работа до …

Предлог на словенечката Лекарска комора: На боледување до три дена без посета на лекар Read More »

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво


Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се …

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво Read More »

Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници


 Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот. Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“. Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста …

Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници Read More »