Елмедина ја плати со живот негрижата на возрасните


Тага, немоќ, гнев, лутина, револт… тешко може да се опишат чувствата што се мешаат кај блиските на 13-годишната Елмедина, која во вторникот попладне се удави во ископ за темели за изградба на зграда во скопската приградска населба Илинден. Тоталната нефункционалност на општинските и државните служби и запуштеноста во однос на прописите за градење и за …

Елмедина ја плати со живот негрижата на возрасните Read More »

Обвинителство: Во комбето се стиснале 23 мигранти


Јавен обвинител од Радовиш вчеравечер изврши увид на местото каде што се случи сообраќајната несреќа во која загинаа двајца мигранти. До несреќата дошло кога ТМВ „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, со кое илегално се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и од Шри Ланка, движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, излетало …

Обвинителство: Во комбето се стиснале 23 мигранти Read More »

Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина


Шестгодишно девојче од Струга загина во несреќа што се случи вчера околу 12 часот на улицата „ЈНА“ во Струга. Според Министерството за внатрешни работи, девојчето паднало од балкон на петти кат и починало на самото место. „Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга. Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатата …

Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина Read More »

Загина уште еден тракторист


Шеесет годишниот М.С. од Скопје загинал вчера село Ковач, кај Македонски Брод, откако изгубил контрола над тракторот што го управувал движејќи се по шумски пат. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 13 часот, а се случил во атарот на с.Ковач-Македонски Брод. – М.С.(60) од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен …

Загина уште еден тракторист Read More »

Турски државјанин загина кај Тетово


Дваесет и двегодишен турски државјанин денеска загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. Како што соопштија од МВР, патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека …

Турски државјанин загина кај Тетово Read More »

Најмногу се гине во сабота


Шеесет и петгодишна жена од Битола и 69-годишен кумановец се најновите жртви на македонските патишта. Тие загинаа во саботата околу 11 часот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на селото Ропотово на регионалниот пат од Прилеп до Македонски Брод. Уште три лица се повредени во судирот меѓу три возила, соопшти полицијата. Најмногу се …

Најмногу се гине во сабота Read More »

Моторџија загина на „Првомајска“


Триесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Според полицијата, Е.С. (38), управувајќи со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и се превртел на патот. „Од здобиените повреди, починал на лице место“, информираат од МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. По увидот, …

Моторџија загина на „Првомајска“ Read More »

Четворица повредени кај Расадник


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода. Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. – Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто …

Четворица повредени кај Расадник Read More »

Скопјанец повреден во експлозија


Скопјанецот М.С. (64) се бори за живот откако бил повреден во експлозија. Инцидентот се случил вчера околу 14.45 часот на улицата „Бриселска“ во Скопје кога М.С. бил работно ангажиран кај сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Се слушнала експлозија, избувнал оган, кој бил изгаснат од соседите, а работникот итно бил пренесен во Клиничкиот центар. …

Скопјанец повреден во експлозија Read More »

МВР потврди дека Спасов бил пијан


Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац (54) бил под дејство на алкохол кога вчеравечер со својот автомобил удрил во 21-годишна девојка во скопската населба Кисела Вода, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата не открива колку промили алкохол во крвта биле измерени во крвта на Спасов. Според МВР, несреќата се случила во вторникот околу 19.20 часот …

МВР потврди дека Спасов бил пијан Read More »

Возач излета од патот и загина


Триесет и четиригодишен жител на кочанското село Бели загина во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу 22 часот на магистралниот пат Штип-Кочани во атарот на село Тркање. Според полицијата, автомобил „форд фокус“ со кочанска регистрација, управуван од Д.А. (34), излетал од коловозот, по што возачот починал на самото место. Причините за несреќата се …

Возач излета од патот и загина Read More »

Биланс на сообраќајни несреќи во тетовско: Двајца загинати и 13 повредени


Двајца загинати, 13 лица со тешки повреди како и 68 лица со повреди од полесен карактер биле последиците од вкупно 80 сообраќајни несреќи со пешаци што во текот на 2017 се случиле на тетовското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Во 2016 година на ова подрачје имало четворица загинати пешаци во сообраќајки, додека …

Биланс на сообраќајни несреќи во тетовско: Двајца загинати и 13 повредени Read More »

Грчките спасувачки служби шест часа извлекувале планинарка од Македонија на Олимп


Околу шест часа траеше акцијата за извлекување на планинарка од Македонија, која на симнување од врвот Стефани на грчката планина Олимп се лизнала и според првичните информации, е полесно повредена. Од местото на несреќата, пренесена е во најблискиот планинарски дом „Јоргос Апостолидис“, каде што е згрижена се наоѓа во добра состојба и се чека околу …

Грчките спасувачки служби шест часа извлекувале планинарка од Македонија на Олимп Read More »

Дваесетина повредени при судир на два воза во Австрија


Дваесетина лица се повредени при судир на два воза во североисточна Австрија, соопштија властите. „Несреќата се случи околу 18 часот по локално време, во близина на градот Критцендорф“, изјави портпаролот на противпожарната служба Франц Респергер. Два вагона излегле од шините и се превртеле, а третиот е навален на една страна. На местото на несреќата се …

Дваесетина повредени при судир на два воза во Австрија Read More »

Изгубил контрола и се забил во ѕид: Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Ноќеска 45 минути по полноќ на булевар „Третта Македонска бригада“ во Скопје, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, се случила сообраќајна незгода во која З.В. (51) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект. Од страна на лекар од Итна медицинска …

Изгубил контрола и се забил во ѕид: Едно лице загина во сообраќајка во Скопје Read More »

Хеликоптерска несреќа во Хондурас, загина и министерката за комуникации


Сестрата на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез и министерка во неговата Влада, Хилда Хернандез (51) загина со уште пет лица во хеликоптерска несреќа, соопшти армијата на Хондурас. – Остатоците од хеликоптерот се лоцирани и нема преживеани. Шестте лица кои беа во хеликоптерот, вклучително и Хилда Хернандез, пронајдени се мртви, изјави претставник на армијата. Со …

Хеликоптерска несреќа во Хондурас, загина и министерката за комуникации Read More »

(ВИДЕО) Таксист влета во колоната возила на Еди Рама, три лица се повредени


Два автомобила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествуваа во сообраќајна несреќа на патот кон Корча при што се повредени три лица, пренесува Репорт ТВ. Несреќата се случи кога такси влетало во придружбата на Рама. Според албанските медиуми најверојатна причина за несреќата е густата магла. Рама од Тирана патуваше за Корча, каде денеска попладне …

(ВИДЕО) Таксист влета во колоната возила на Еди Рама, три лица се повредени Read More »

Автомобил се заби во столб, загина сопатник


Еден загинат и двајца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што во саботата околу 20 часот се случи на локалниот пат Струмица – Просениково. Полицијата соопшти дека П.А. (32) од Струмица, управувајќи патничко возило „фолксфаген шаран“ со струмички регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, изгубил контрола над возилото, удрил во бетонски столб …

Автомобил се заби во столб, загина сопатник Read More »