Скопјанец повреден во експлозија


Скопјанецот М.С. (64) се бори за живот откако бил повреден во експлозија. Инцидентот се случил вчера околу 14.45 часот на улицата „Бриселска“ во Скопје кога М.С. бил работно ангажиран кај сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Се слушнала експлозија, избувнал оган, кој бил изгаснат од соседите, а работникот итно бил пренесен во Клиничкиот центар. Му биле констатиран тешки телесни повреди, здобиени од експлозија од бренер за заварување, соопшти МВР.